Sunday 5 November 2017

Диво Насеље - протести

Денес бевме сведоци на нови протести организирани од страна на сепаратистите Албанци, во знак на поддршка за терористите од Диво Насеље кои убиија 8 македонски бранители.
Секој има демократско право да протестира во Македонија, но до каде може да оди тоа ?
Дали во Франција арапите може да организират протести за убијците на француски полицајци и како би реагирала француската жандармерија ???


Само да се потсетиме кој терор беше вршен врз организаторите на протестот против Талат Џафери, што е демократски излив на незадолство од страна на работа на Владата бирана од народот, беа апсени, тепани, малтретирани, здробени со казни, и беше извршена репресија која предизвика многу стресни моменти  во еден куп македонски фамилии поради малтретирањето на нивните деца, голем дел од нив малолетни.

Дали ваков третман ќе добијат оние кои поддржуваат убиства над македонски бранители ????

И за крај она што одсликува реалноста на нашето општество е што сликите на убијците на македонските бранители кои беа носени како слики на хероји и борци за слобода и против македонскиот шовинизам ги носеа деца кои сеуште не ни седнале на училишните клупи.

Дали сега ќе реагираат Транспарентност Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права, Меѓаши и останатите организации од НВО секторот.

No comments:

Post a Comment