Tuesday 21 November 2017

Национален став

Имањето на национален став по одредени прашања е нешто што го одликува чувството за припаѓање кон одредена нација, како едно свето и патриотско чувство.
Секој припадник на нацијата ги прифаќа националните ставови по одредени прашања како лично свои и за нив се бори заедно со целата нација.
На жал во Македонија и кај Македонецот такво национален став или национално чувство не постои.
Минатото покажало во мал милион примери дека кај Македончето не постои ништо повеќе од ставот на партијата на кој тој припаѓа, без да покаже никакви национални чувства, освен ако не се асортиман на излив на емоции искажени во виртуелниот простор со скриени профили и без никаква реална желба да се покажат и јавно.
Македонија тоне од фактот што нејзиниот народ нема став како колектив за ниту едно прашање, освен  политикантите кои секогаш имат едногласен став, кога ги покачуваат своите примања на сметка на обичниот народ.

Од 1991 па до 2017 година, Македонецот не покажа дека има кичма.
Еден политичар изјави Македонија треба да ја свитка кичмата за прашањето на името, но на жал тоа не е возможно не дека народот е едногласен, туку дека мора нешто да се има за да се свитка.

Анализата може да се почне уште од самиот референдум за осамостојување 1991.
Освен светиот датум 8 Септември, тој апсолутно немаше ама никакви, цитирам никаква врска со реална желба на нацијата за независност од Југославија.Самото референдумско прашање го покажа тоа и стравот или желбата а можеби и мечтата и сонот за можен спас на Југославија која тлееше во нашиот политичар и добар дел од народецот.

1992 доаѓа референдумот за Илирида, тогаш сеуште маргиналното Албанско малцинство оддржува референдум за своја држава, нормално никаде признат ниту оддржан по било какви прописи, но ваквото играње на референдум денес им носи големи поени на албанските политичари кога седат на преговарачка маса.
Во 1992 Македонецот беше во сон, и наместо да излезе на улица против ваквите сеператистички движења , тој удобно седеше во својата фотеља сметајќи го тоа за не важен настан, не разбирајќи дека овој настан беше почетокот на тоа што не донесе до денес, до јазикот, до можна кантонизација.Се можеше да биде сечено од корен, но на жал се немаше желба за тоа.


1994 година , Тетовски универзитет, дел од желбата за создавање на Илирида.Повторно млака реакција од политичарите, а никаква реакција од народот.

1995 година промена на знаме, ниту еден протест, ниту било каква реакција на Македонците по ова прашање.

Па поставувањето на Талат Џафери за претседател на собрание, кога малолетниците си ги ставија главите во торба да ја бранат државата, пред тоа Хашките случаи во кој им простивме на терористите што не тероризираа, ни ускратија осново човеково право за вода, не сечеа по кожа, не убиваа во најкувичките заседи, Мотел Бриони и најѕверското убиство запаметено и.т.н.

Од 1991 па се до 2017 Македонија немаше ниту една силна национална организација, ниту една од во тој период основани малку не успеваше да достигне ни до 100 членови,  и воопшто не беа активни, а и да беа правеа минорни протести, потполно незабележителни.

Сето тоа требаше да се смени со формирањето на МПЗ Тврдокорни, национална организација која требаше да го штити и конечно изгради националниот став кај Македонецот.
Здружението е прво кое излезе со јасна антипартиска ориентација, покажувајќи уште во своите зачетоци дека конечно Македонија ќе добие организација вредна за почит, за чување на националните интереси на нацијата и конечно демонстрирање на националниот став кај Македонецот.
Почна со силна и јака работа, посетувајќи повеќе градови, изјаснувајќи јасни и силни македонски ставови и одржувајќи го првиот национален и десничарски марш во Македонија.
Редеа успех за успех, но тоа не им одговараше на политичката елита па и на народот.
Народот на Македонија наместо да застане во одбрана на организацијата која ќе се бори за нив и нивните права, тие ги избраа политичките партии.
Помеѓу својот војник народен и џелатот, тие му ја бакнаа раката на џелатот.
Почнаа со разни напади, исмејувања, понижувања наменети кон овие млади момичиња, искрени патриоти и родољуби, а нивниот грев само еден, што се борат за својот неосвестен народ наместо за политичка партија, што носат црна облека и маршираат во кордон, наместо да урлаат и патуваат со автобуси по митинзи.
Ваквото расчеличување на своите чеда во светската пракса и историја ретко може да се најде, а посебно во 21 век тоа е прв и уникатен случај.
Жално е што можеби нивните идеолошки противници од крајната левица единствени успеа да ги препознаат искрените намери на оваа група на патриоти иако не се согласуваа со нив и ветија борба против нивни сфаќања и делување.Секако според нивните светопогледи на светот.
Оваа група покажа нешто што никогаш до сега не беше видено, хиерархија, одговорност, дисциплина, љубов, вера, и решителност, а тоа им бодеше очи на партиите.
И двете со директива, уништете ги Тврдокорните.
Разни квази новинарчиња објавија разни текстови со лаги , дури текстовите едни со други им беа 100 % различни (типично новинарско истражување нели) и на тој начин го тереа народот да се сврти против оние кои беа спремни да дадат се за него.
Ораганизацијата можеби ја покажа и најкрактреистичната македонска особина, борбата за превласт.На жал првата и искрена постава беше срушена за да дојде партиски мотивирана елита.Подоцна таа беше повторно срушена , за да дојде сосема трета нова постава.
Но жарта, храброста и посветеноста од почетокот  на првата постава на Тврдокорни некако избледе и исчезна во воздухот, а последниот најавен протест можеби покажува колку од оваа трета постава на  Тврдокорни сфатија дека на жал мора националниот став да го наметнат како партиски на опозицијата, за да се успее, бидејќи народот ние неосвестен и можеби болно но мора да си признаеме и глуп.
Многумина задоени од политичките перални на мозоци , дури сега ја сфатија искрена и чесната намера на младите Тврдокорни.
На Македонија и се потребни и си ги сака своите први Тврдокорни, храбри пожртвувани млади македонски патриоти и родољуби, кои својата Македонштина ја покажувале и докажувале таму каде што другите главите ги ведат, како во Мала Преспа, Пирин, Овчарани, Мечкин Камен 2017, каде што својата љубов кон Македонија ја преточија во еден идеал кој е нов и уникатен, надвор од сите партиски комбинаторики нудејќи рака на секој Македонец.
Тие момци кои маршираа, кои даваа крв, кои ги чуваа македонските гори од уништувања мора да се вратат назад што побрзо, бидејќи на нејзината родина и се попотребни од било кога, дека на Македонија и требаат нејзините млади Тврдокорни.

Продолжува....

No comments:

Post a Comment