Војската на САД имаше своја презентација на оружје, а црвените излегоа на протест со парола и знаме на СФРЈ, и повикаа да сопрат сите војни за профит.
Како прво најверојатно не се запознаети дека СФРЈ одамна е мртва и дека живеат во Република Македонија, а второ и уште поважно самото СФРЈ беше во НАТО преку јужното крило.
Јужното крило на НАТО го сочинуваа Турција, Грција и Југославија (како неофициален член) и ова крило беше против Бугарија која во тоа време беше главната сателит држава на СССР и нивниот Варшавски пакт.
Касарните кои беа определени како седиште на Јужното крило на НАТО беа касарните првично во Струмица, а поради поголемиот притисок на штипските генерали потоа и во Штип.
Како протестират против НАТО кога токму преку овој начин нивниот другар ТИТО лапаше ефтини кредити за модернизација на ЈНА.Уште повеќе па да не зборуваме за фактот како социјалисти зимаа кредити од капиталисти, но тоа во друга прилика.
Реалноста која ја дознаа сите е дека овие луѓе , самопрогласени Че Гевари (не ни знаат кој и каков лик бил ЧЕ) се изгубени во времето и просторот и редно е да се освестат и да сфатат 3 работи :
Живееме во 21 век а не во 1949 година.
Македонија е демократска држава која веќе нема ништо општо со Југословенството (и покрај сите останати југословенски сателити) за да има свој напредок.
И најважното , комунизмот е идеологија која е мртва и која во практика се покажа како тотално фијаско.
No comments:
Post a Comment