Вчера Македонија го славаше својот најголем празник, денот на борбата за слобода Илинден.Овој ден на жал го расипаа клетите паразити од политичари и новинарски елити.
Не можам ни да опишам какво горчливо чувство на јад имам во душата, посебно кога гледам како славата на хероите беше ставена во сенка од страна на клошари.
Дали овие херои го заслужија ова ?
Прво се нагледав и начитав на разни медиумски лаги и конструкции на кои им нема крај.Прво госпоџа ментор СССР вели прославата била фашистичка, поради присуството на Бугарија.
Втората е од АЛФА ТВ, сме дочекале Бугарите да слават Илинднен среде Скопје.
Ако не знаете историја , нели може да заќутите ?
Ајде мала бесплатна лекција по историја.
Првата прослава на Илинденското востание организирана на официално ниво во Вардарска Македонија, а со тоа и во градот Скопје е од страна на Илинденци во 1941 година за време на административното управување на Бугарија.Да добро читате, првите прослави на наша почва на Илинден на официално ниво се направени од страна на Бугарија.
Првите споменици на Илинденци се изградени во периодот 1941-1943 а се срушени сите од прв до последен во 1945 од страна на црвената комуњарска банда на Лазар Колишевски.
(споменик на илинденецот Ѓорги Сугарев, изграден од бугарската власт 1942, а е урнат од југословенските комунисти)
Тоа е Историската вистина, Илинден не беше славен од комунистите, тој беше закопан, а потоа порaди страв од народот беа приморани да го слават, иако не го сакаа и го мразеа тој настан во своите коски.
Затоа и востанието кое е дигнато на 20 Јули ние го славиме на 2 Август.И тука не би било проблем ако на пример и останатите настани ги славиме на овој начин со промена на календарите, а не само Илинденското востание.
Политичарите се ставија себеси над хероите, повикувајќи на бојкот на оваа манифестација.Илинден не смее да се бојкотира, и треба да се прослави секој на свој начин и по свое убедување.
Одиме понатаму, неедуцираноста на таканаречените "македонски националисти" , кои никој не знае за нашата историја е уште поиронична од се споменато погоре во текстот.
Да видиме како тие го прославија Илинден, и која им беше службена слика за настанот.
Ај што го мешат Илинден 1903 со АСНОМ , кое ниту иделошки ниту со целите немат ништо заедничко, туку како слика официална ја користат сликата на Бугарските националисти, на чија слика е мапа на Санстефанска Бугарија.
Преку ден ја бранат Македонија од клетите Татари, а објавуваат слика од голема Бугарија, бидејќи ниту знаат историја ниту можат да направат свое авторско дело.Бедотија.
Но колку и да не нервират овие појави , сепак ние сме должни да го чуваме правиот дух на Илинденци и да ја збориме вистината секогаш и секаде.
ВЕЧНА СЛАВА ХЕРОИ, НЕ ВЕ ЗАБОРАВАМЕ !
Голем дел од АСНОМците се залагаат за илинденските идеали како еднаквост за сите, Обединета Македонија арно ама Колишевски заебува многу работи.
ReplyDeleteМене искрено Илинденско востание ми е малце неорганизирано, каша попара оти во само во Битолски револуционерен округ се водат фронтални борби а на другиве места само партизански акции има.
Ако ја видиш идеологијата на МРО, ВМРО и АСНОМциве, се тоа е левичарски идеолошко ориентирано, а искрено десничари во вистинска смисла ти се Борис Сарафов(еден од ретките национално освестени Македонци, член на Врховистичкиот комитет) Теодосиј Гологанов(борец за да ја обнови Охридската Архепископија со помош на Рим како што и претходната била формирана, наспроти бугарската од Константинопол).
А АСНОМ беше последен воз за Македонија да се формира како држава во етнички граници, арно ама ние не го искористивме.
Хитлер Јунген, зборуваш за македонштина на бугарашки блог? Нели сфаќаш дека Национална Борба, Револуционерот, Слобода или Смрт се пишувани од истите 2-3 ликови бугараши. Можеби и само еден лик стои позади сите нив. Веројатно отпушоци од партијата на ЉуБчо Георгиевски.
DeleteВие двајца неуци да се затнете, немате образ да лепите етикети на луѓе кои се непокорливи идеалисти и ја кажуваат вистината за Македонија. Вие одете прочитајте некои книги пред да полемизирате.
Delete