Tuesday 4 July 2017

Сината дивизија


Сината дивизија ( шпански División Azul , германски  Blaue Division) или 250 пешадиска дивизија е воена формација составена од шпански доброволци кои се во состав на армијата на Германија на Источниот фронт за време на Втората светска војна.
Иако Франциско Франко не ја вклучува Шпанија во Втората светска војна, тој дозволува доброволци да се присоединат кон германската армија со јасен и единствен услов : Да се борат само против болшевизмот на Источниот фронт, а не против западните Сојузници или населението на друга окупирана земја на Запад.
На тој начин Франко го запазувал мирот со западните сојузници, додека во исто време му се одолжува на Хитлер за помошта за време на граѓанската војна.
Шпанскиот министер Рамон Серано Суњер нуди предлог со кој ќе се формира доброволен корпус и во почетокот на Операцијата "Барбароса" Франко отпатува до Берлин со официален предлог за помош.На 24 Јуни 1941 година Хитлер го одборува учеството на шпански доброволци.

Во следните неколку недели се отварат пунктови за доброволци во речиси сите поголеми градови на Шпанија.
Исклучиво голем број доброволци доаѓаат од кадетите на офицерското училиште во Сарагоса.Првично шпанската власт има намера да испрати 4000 војници на фронтот, но наскоро ќе увидат дека има многу повеќе борци кои се желни да се формира цела дивизија, 18 104 вкупно од кој 2612 официери и 15 492 војници.
Половина од офицерите и подофицерите се професионални воени лица, многу од нив и ветерани од Граѓанската војна.Други се членови на Фалангата - шпанска фашистичка партија.

За командир е определен генерал Агустин Муњос Грандес.Поради фактот што војниците не може да користат официални шпански  воени униформи, за нив е определена симболична униформа, која се состои од црвени барети карлисти, панталони кои ги користела Шпанската Легија и сини кошули какви се носени од страна на Фалангистите - отука доаѓа и називнот Сина дивија.Овие униформи се свечени и се носат само до заминувањето на фронтот, каде што доброволците носат германски воени униформи, а на десната рака има знак во форма на штит со националните бои и пишува Шпанија.
(хиерархија на Сината дивизија)


Пристинување во Германија и обука

На 13 Јули 1941 година војниците од Мадрид со воз тргнуваат за Баварија за петседмично обучување.
Тука тие стануваат 250та германска пешадиска дивизија и првично се разделени на 4 пешадиски полка.Подоцна по стандарден модел на германските пешадиски војски, еден од полковите е разделен меѓу другите три, кои се именувани по три шпански градови а тоа се Валенсија, Барселона и Севиља од каде доаѓале најголемиот број на доброволци.Секој полк има три батањона со по четири чети.Дизвијата разполага со артилерсико оружје сочинето од три топови калибар 150мм, и една батерија тешки топови.Од доброволците  пилоти се формира Сината ескадрила (шпански Escuadrilla Azul) која користејќи ги германските авиони Масершмит 109 и Фоке-Вулф 190 запишува 156 воздушни победи.



На Источниот фронт ( Август-Октомври 1941)

По давањето на заклетва од страна на доброволците на Сината дивизија дека ќе се борат против болшевизмот  на 20 Август 1941 година Сината дивизија почнува со своето воено делување.
Таа првично влегува во формацијата на германската група на армија Центар која што напредува кон Москва.Така дивизијата тргнува со воз до Полска  од каде што треба како пешадија да помине 900 километри до Москва, низ градовите Гродно,Лидно (Белорусија) Вилнус (Литванија) Молдочено, Орша и Минск (Белорусија) од каде преку Смоленск ќе тргне на пат кон Москва.Додека се на пат за Смоленск на 26 Септември стигнува наредба со која Сината дивизија влегува во составот на германската група на армијата Север , која што напредува кон Ленинград.
Непознато останува зошто дивизијата мора да помине вакво растојание без транспорт.



Волховски фронт ( Октомври 1941- Август 1942)

Дивизијата е испратена на фронтот кај реката Волхов  блиску до Новгород.Дивизијата е задолжена за 50 километри од фронтот јужно и северно од Новгород , по должината на реките Волхов и езерото Илмен.


Ленинград  (Август 1942 - Октомври 1943)

Во Авугст 1942 година дивизијата е префрлена на југоисточниот сектор на блокадата на Ленинград, јужно од Нева, блиску до градовите Пушкин, Колпино , Икрасни Бор во реонот на реката Ижора.
Сината дивизија останува крај Леинград се до почетокот на февруари 1943 година, кога поднесува тешки загуби поради студ и борбите крај Икрасни Бор со советската 305 страклкова дивизија.Франко испраќа поддршка и продлжува со воена помош кон доброволците.Така со ротацијата на контигентите близу 45 000 Шпанци служат на Источниот фронт.
Доста  од нив се нагредени со шпански и германски воени одликувања, а дивизијата е единствената која има сопствен медал утврден од Хитлер.
По неуспехот на Германците при Ленинград ситуацијата се променува и повеќето германски сили се изпратени на Југ.Во тоа време за командир на дивизијата е назначен генерал Емилио Естебан Инфантес.



Расформирање на дивизијата

Со започнувањето на преговори помеѓу Франко и сојузниците кои почнуват на пролет, Франко донесува одлука и на 10 Октомври 1943 година дава наредба за распуштање на дивизијата.


Сина легија

Сепак и покрај наредбата од Франко за повлекување на шпанските доброволци, голем дел од шпанските доброволци сакат да останат и да ја продолжат битката на фронтот.
По согледувањето на ова Шпанија донесува одлука на 3 Ноември со која им нагласува на доброволците дека ако останат на фронтот ќе го изгубат шпанското државјанство.
Но покрај оваа одлука сепак 3000 шпански доброволци (повеќето Фалангисти) остануват на фронтот и ја формираат Сината легија (шпански Legión Azul)
Дел од доброволците влегуват во составот на  Вафен СС дивизијата, и други единици на германската војска.

Резултатите на Сината дивизија

И покрај тоа што се работело за мала формација на доброволци, тие покажеле голема храброст и биле еден од бедимета на германската војска на Источниот фронт.
Бројот на загуби на Сината дивизија е 4 954 убиени и 8 700 ранети.Освен тоа 372 војници се заробени од кој 286 од нив се во заробеништво до 2 Април 145 година кога се вратени во Шпанија.

 (споменик на членовите на Сината дивизија на Мадридските гробишта)

Фанатизмот со кој се бореле шпанските доброволци на Источниот фронт најмногу го потврдува бројот на одликувања а тоа се  2 Рицарски крста (едниот со дабови лисја)  2 златни крста, 138 Железни крста 1 степен, 2 359 Железни крста 2 степен, 2 216 крста за воени заслуги со мечеви.
             (војник на Сината дивизија со Железен крст од 1 степен за покажената храброст за тоа што избегал од руски логор)

Вечна слава на сите храбри шпански доброволци кои ги положија своите животи во храбрата и одлучна борба против болшевизмот.


No comments:

Post a Comment