Едно од најчестите прашања кои се поставува е како да ја промениме ситуацијата во која се наоѓаме, како да не бидеме дел од играта креирана од големите играчи во која губитници се само народот и државата.
Одговорот ќе пробам да го дадам на тој начин што ќе биде пократок, но доволно опфатен.
Првата работа која е неопходна за вакво национално издигање е креирање на нова национална патриотска организација во која ќе членуваат сите националисти, патриоти, родољубци, без разлика на нивната идеологија, но со цел одбрана на државата.
Организацијата треба да биде создадена по пример на ВМОРО, да ги обединува сите струи, но истовремено да не биде демократска, туку строго централизирана и водена од еден совет.
Советот не треба да брои повеќе од 10 луѓе, а сите одлуки кои ќе се носат да се носат иклучиво со 2/3 мнозинство при гласање на членовите на советот, на тој начин ќе биде најдобро да се зачува организацијата на правиот пат.
Членовите на советот мора да бидат млади и неизвалкани патриоти, кои досега не биле дел од политичка партија, ниту пак учествувале во една од двете обоени "револуции" во Македонија.
Организацијата треба да се рашири по цела држава, каде што во секој град одговорноста ќе ја превземат 1 најмногу 3 луѓе за организирање на акции во самите градови, кои ќе бидат одредени од самиот совет.
Протестите на самата организација треба да бидат маршеви, на кои ќе нема говори, освен прочитување на проглас на организацијата по поводот за кој се оддржува протестот.
Самата организација нема да соработува со ниту еден антинационален медиум, прогласите ќе ги праќа на својата веб страна, нема да гостува по никакви ТВ дебати ниту пак ќе дава интервјуа, со што ќе се заштити од медиумскиот притисок кој досега се покажува како најубиствен за ваквите идеи.
Втората работа која е потребно итно да се направи е формирање на македонски национален хуманитерен фонд.
Во ваквиот фонд членуваат сите националисти кои ќе донираат не помалку од 30 денари на месечна основа.
Покрај тоа ќе се отвори сметка која ќе биде водена од книговодство кое ќе дава редовни отчети за тоа кој се донирал пари, под која назнака и дали парите завршиле на потребната сметка.
Отварање на национални кујни за прехранување на сите гладни Македонци, посебно на гладните и изнемоштени деца кои живеат во тешки и мизерни услови.
Ваквиот хуманитерен фонд ќе го врати чувството на Македонецот на припадност кон својот народ, ќе му ја врати гордоста за навек.
Само овој пат и овој начин на делување е единствен кој може да ја спаси Македонија од разните профитери, крлежи и паразити, а нејзиниот успех зависи од нас самите.
No comments:
Post a Comment