Една од најважните ако не и најважен темел за изградбата на една силна, напредна, просперитетна и успешна држава е економијата.
Во Македонија на жал економијата е во катастрофална состојба од многу причини, за кои да се објаснат е потребно да се напише цела книга , бидејќи не можат да се објаснат во еден текст.
Но пред се во овој текст ќе ги анализирам последните две вести од македонската економија , смената на даночната политика и покачувањето на платите во администрацијата.
Промената на даночната политика, односно напуштањето на рамниот данок и воведување на прогресивен данок, е катастрофална.
Прво овој данок се воведува на единствена групација на луѓе која успеала да го среди својот живот во Македонија и се главен двигател на економијата.
Кратко и сликовито да се објасни, имате воз кој оди по шина и треба да достигне една релација, но од него ја отстранувате локомотивата, и не ја заменувате со нова, едноставно возот ќе стои во место.
Ваквиот данок е само една обична популистичка левичарска мерка, која има за цел да го задоволи оној мал сегмент од општеството кое е завидливо и посакува неуспех на сите оние кои се пред него, но за самата економија нема да има никаков позитивен ефект, напротив финасиите потребни за негово имплементирани, се поголеми од самите бенифити.
Добиваме данок кој да го имплементираме, ќе потрошиме повеќе пари отколку што ќе добиеме.
Втората финансиска одлука е зголемувањето на платата на администрација за 5 %, а притоа за тоа нема финансиски средства.
Интересно е како Владата која воведува прогресивен данок, воведува линеарно зголемување на платите на сите административци. Тоа покажува дека нивното водење на економија е чисто популистички а не реално според потребите на државата.
Државата зема кредити со цел да ги покрие платите кои ќе ги зголеми, што е уште еден удар од невидени размери и за онака кревката економија.
За една економија да напредува, таа треба да вложува во автопати, болници, железнички, аеродроми, а не во плати од кои корист ќе имаат само одредена групација на луѓе.
Популизмот е смрт за економијата, тоа е нешто што мора да запре, доколку сакаме како држава да одиме напред.
No comments:
Post a Comment