Wednesday 14 November 2018

РЕВОЛУЦИОНЕРОТ СЕ ВРАЌА

После безмалку 4 месечна пауза, направена од повеќе причини, конечно повторно блогот ќе биде активен, објавувајќи повеќе текстови со анализи на сегашната состојба, идеолошки текстови, историја, искажувајќи ги своите ставови и видувања по одредени теми.

Оваа пауза пред се ја искористив за одмарање од дневна политика и пред се надоградување на самиот себе со читање, анализирање, спортување, и најважно од се пронаоѓајки го својот личен духовен мир.

Враќајќи се кај дневната политика, тоа за кое зборував многу пати , за ефтината глума, популизмот и најважно од се политиканството кај нашите политичари се оствари не 100 туку 300 %.

Најважно од се е да се припознаат и спречат лажните месии кои јавајќи на незадоволството на Македонскиот народ коваат идеологии и политики кои уште толку ќе го уништат и народот но најмногу државата.

Во Македонија и да сакаш не може да имаш мирно политичко време, секогаш пред нас се бурни времиња кои се идеални за револуција, но не крвава и насилна, туку духовна, интелектуална, просперитетна.

Најмалку во овие тешки времиња се потребни битки на Македонец против Македонец, брат против брат, нешто кое мора да го избегнаме по секоја цена.

Затоа повторно се активирам, надевајќи се дека бар кај мал дел од луѓето ќе влијаам за промена, која ќе донесе позитивни нешта за државата и нејзиниот развој.


Ако молчиш значи одобруваш, токму поради ова го прекинувам мојот молк и започнувам повторно со борба, која се надевам овој пат ќе биде успешна, со активирање на повеќе луѓе во неа.


No comments:

Post a Comment