Monday 16 July 2018

Сега или никогаш

Дали е само привремен период или навистина Македонецот се разбуди од сонот и почнува да се бори самиот за себе, времето ќе покаже.

Настаниве последните три дена покажуваат големи промени на расположението на Македонецот и неговото политичко делување.

Тој е изморен од лажните политикантски идеологии и митинзи, знаејќи дека тие не носат ништо полезно за самите нив но и за државата.

Концертите на срамот беа празни, додека протесните маршеви на опозицијата се се помали и без никаква енергија, монотони и досадни.

Затоа пак денес се оддржа еден од најмасовните, по многумина најмасовен марш во поновата македонска историја, во кој се побара правда и конечно правото да владее за сите во Македонија.

Се надевам и верувам со цело срце дека ова е почетокот на крајот на политикантските игри, политикантите повеќе нема да владеат со нашите животи, а нашите судбини си ги зимаме назад, во нашите раце.

Поводот по кој се разбудивме треба да не води напред, потсетувајќи не колку само скапо ја плаќа(в)ме нашата слепост и  кукавичлук.


Македонецот повеќе нема да биде тесто за месење, туку ќе покаже дека храброста и пожртвуваноста на Илиденците на револуционерите не е случајност, и да не заборавиме нивната крв тече во нашите вени, крвта на најхрабрите луѓе кои некогаш оделе по оваа земја.

Ова е моментот во кој е да се биде или не, сега или повеќе ваква шанса за наше спасување нема да имаме, никогаш повеќе.


НЕМА НАЗАД !



No comments:

Post a Comment