Има ли правда е прашање кое сите ние барем еднаш си го имаме поставено и сме размислувале длабоко во себе барајќи го одговорот.
Дали Македонија е земја во која владее правото, дали во Македонија има правда ?
Одоворот е јасен : НЕ.
Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, во Македонија едни закони има за политичари, едни за Албанци, други за Македонци.
Ова правило се потврди денес на еден брутален начин.
Прво имаме случај кога во Собрание група на изманипулирани граѓани, влегла во Собрание и го нападнала на човекот кој ја навредуваше и провоцираше Македонија на секаков начин, човек кој јасно кажа дека се бори против оваа државата, доктор по професија а поранашен градоначалник.
Луѓето беа товарни ни помалку ни повеќе за убиство и беа осудени на казни затвор од 8 до 10,5 години, додека пример за свирепи убиства казната е 8 години, во повеќе случаи.
Да го анализираме самиот настан, група на граѓани изманипулирана од страна на двете најголеми политикантски групации (Живот и Преродба) влегоа во Собрание со цел да ја одбранат Македонија од Тиранската платформа, од неуставното поставување на претседател на Собрание на тој начин бранејќи го нејзиниот уставен интегритет.
Е сега луѓе кои ем се изманипулирани, застануват во одбрана на уставот добиваат 10 години, а свесни терористи кои сакаа да ја срушат Македонија и да ја поделат, се во удобни фотељи.
Кое само дежа ву го имаме, за одбрана на уставен поредок, казни затвор, за напад над уставен поредок, фотељи и државни функции.
Вториот случај е со нападнато Македонче во Скопје, кое е е нападнато од хорда Албанци со цел да му нанесат тешки телесно повреди и физички ликвидират.
Албанците се фатени (за замајување на јавност) и се товарат со случај каде што казната е 500 евра без затвор, а притоа нанесуваат тешки повреди и имаат цел да убијат млад живот само поради фактот што е Македонец и навивач ?
Третиот случај е за мостот Око за чиј што тендерски псотаки се украдени доста пари, а крадците само ги вратија без да лежат ден затвор или да бидат обвинети, додека за ќебапчиња имаме луѓе кои скапуваат во затвор.
Македонија за да биде држава во која што ќе има правда, најважно од се е да се прекине гласањето за двете најголеми политикантски мафии, а и самите Македонци да не седат дома туку да се борат на улица за неа.
No comments:
Post a Comment