Tuesday 10 July 2018

Почивај во мир Саздо

Вчера ја добивме веста која најмалку ја очекувавме и посакувавме да ја чуеме, после  неколку дена водејќи ја својата битка почина Саздо.

Дечко кој беше нападнат на најкукавички начин во однос 3 на 1 плус вооружени напагачи, кои немаа храброста да излезат на фер, со храбро срце како тоа на Саздо.

Неговата смрт е само последица на нихилизмот кој владее во ова општество, на политиканството, на хедонизмот, на бездушноста која одамна е наша главна карактеристика која не краси како колектив.

Многу настани не опоменуваа, ни беа предзнак дека мора да се рeагира, мора да се бара правдата да биде подеднаква за сите, но бевме слепи,  а реакциите на тие кои реагиравме ни беа благи и недоволни.

За смртта на Саздо подеднакво сме виновни сите, бидејќи ако се боревме за правда во случаите кога таа ја немаше пред тоа, кога нападите на големи хорди на поединци поминаа неказнети, требаше да сме свесни , еден ден неизбежно ќе загине некој од оваа негрижа.


Главниот проблем поради кој тоа е така го знаеме сите, е една политичка партија со две свои филијали во македонскиот блок, но нема да споменуваме партии, тие не заслужуваат место во овој текст, за нив ќе бидат посветени наредните.

Лично не сум го познавал Саздо, но сме делиле заеднички животни цели, љубов кон клубот, трибина и најважно од се љубов кон родината нашата света Македонија.


Саздо бил борец, борец на трибина, борец на улица во протестите за одбрана на името, затоа и вреди конечно да се разбудиме и да се бориме да ја добие правдата што ја заслужува и Македонија да ја направиме држава во која ќе владее правото за сите.


Почивај во мир јунаку и извини што бевме слепи и не можевме да те спасиме !

НЕКА ТИЕ ВЕЧНА СЛАВАТА И ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО


No comments:

Post a Comment