Лагите кои се кажуваат околу данокот и како тој да се прибира кои доаѓаат од новата даночна реформа на Владата, уште еднаш покажува каква утопија е левото политичко поле, без разлика дали се социјал-демократи, социјалисти или комунисти.
Целта е да се создаде ново оданочување кое ќе биде прогресивно, со коe успешните и напредни граѓани ќе бидат жртвувани и цедени за да им се даде на мрзливците и некадарните граѓани, односно тие што допринесуваат на државата ќе бидат економски упостошени за да добијат оние кои не работат и безделничат.
Ова уште еднаш покажува колку нашиот народ е мрзлив и слабо едуциран, бидејќи наместо да се бори да создаде нешто свое, да се бори да изгради нешто негово, тој љубомори на тој што е поуспешен од него и сака да му го сруши тоа што тој го изградил во својот живот.
Такво нешто имавме во ерата на комунизмот кога сите успешни и напредни граѓани беа ограбени , уништени и убиени за да сите бидат еднакво сиромашни, наместо еднакво успешни.
Тука по кој знае кој пат го играт сценариото раздели па владеј, кога ги свртуваат љубоморните и искомплексирани граѓани во битка со успешните и национално придонесувачките граѓани, да се борат меѓу себе како класи, дур тие се богатат и ја прават пустош државата.
Класната борба е најголемото зло, бидејќи свртува брат против брат, од чиста љубомора, комплекс и не можност да бидат еднакво успешни, па кај послабиот се јавува идејата тие да бидат еднакво мизерни.
Најдобриот пат економски се знае, секој да работи тоа што го бидува, успешните граѓани ќе бидат помогнати од страна на државата да направат што многу повеќе за себе, а во исто време со нивната работа и квалитет на призводи да не го загрозуваат здравјето и успехот на државата.
Сите заедно како една целина и колектив да градиме држава која сите ќе сме успешни и ќе напредуваме, наместо држава во која ќе има борба на класи во која успешните граѓани ќе бидат уништувани, а со самото тоа ќе биде уништена и државата.
No comments:
Post a Comment