Борбата против модерниот свет и неговите вредности е основна движечка сила на секој од нас, кој е со здрав разум, памет и кој сака да изгради подобар свет за генерациите кои доаѓаат по нас.
Противникот не е нималку наивен туку напротив, многу посилен, ги има сите медиуми, целосна контрола на невладини организации, огромни финансиски средства да купува луѓе кои се спремни да се продадат, но го немат нашето срце, воља, жар и најважно од се тие не се на страна на вистината.
Многу кои ја знаат вистината, кои го читат па овој блог не се вклучуваат во борбата со едноставен одговор : Ова е залудно трошење на време, тие секако ќе победат, помоќни и многу поорганизирани се од нас, тие имат се, а ние имаме само идеја.
Всушност без да се вклучат во борбата, тие кажуваат, ние сме поразени, без да влезат во битка.
Без битка, нема победа - односно ако сакаш да победиш мора да влезеш во битка, бидејќи ако однапред си помирен со пораз а не си се ни вклучил во битката, тогаш никогаш нема бидеш победник за било што во твојот живот.
Едно од моите животни мота кои сам си ги зададов се : Подобро да се борам и да губам, отколку да губам без да се борам.
Подобро да се борам и да знам дека сум направил обид да ги сменам работите, отколку секогаш да се прашувам , Што би било ако се боревме ?
Нашите револуционери кои се денес нашите идоли, кога влегле во својата борба никогаш не се запрашувале дали ќе успеат или не, туку го правеле тоа што е според нив исправно и потребно, за идните генерации да имаат терен да ја завршат нивната борба и да успеат да ја остварат нивната цел.
Токму тоа треба да биде и нашиот начин на борба, тотална војна против непријателот, и полека но сигурно битка по битка да победуваме, кога ќе губиме најбрзо што може да станеме на нозе и да продолжиме со борбата до крај.
Ние сме должни како генерација да се бориме и да оставиме што подобри услови и држава на генерациите што доаѓаат по нас.
Затоа доколку си свесен, желен за промени, наместо да се откажуваш пред да почнеш, наместо да си без морал, победи се самиот себе , бидејќи ако ги победиш твоите стравови, тогаш можеш да победиш било кого.
Пополни го твоето место во стројот и да започнеме сите заедно во борбата, до крај, до конечната победа.
No comments:
Post a Comment