Monday 19 February 2018

Виделина

Тоа што на овој блог го зборувам веќе уште малку година дена, се остварува како на филмска трака.
Не треба некој режисер да си, за да го предвидеш сценариото и начинот на кој владее новата Влада, нивните интереси, мерки и да не редам.

Последните настани со избор на директор на МРТ, на судски совет а како круна денес судската одлука за затајување данок, само покажаа дека се работи за едно добро осмислено сценарио, што во многу колумни детално сум го образложувал.
Ваквите работи за познавачите не се изненадување, договорот е повеќе од очигледен, а тој се остварува како под конец, глатко и слатко.

Додека обичен граѓанин не може да си ја затвори фирмата од што мора да плати огромни глоби, други слободно си ја крадат државата и за тоа ќе се осудени на условни казни.
Денес кај нас крадење на 10ка со кромид е поопасно кривично дело од непотчитување на државата, од нејзиното осиромашување.
Важно сеуште ќе кружат приказните како не сме ја гледале целата слика, како се работело за добро на Македонија, дур некој екстремно се богатат на сметка на државата и нејзиниот буџет.


За да се стави точка на оваа криминална анти државна структура, зависи од самиот тебе.
Бојкотирај ги двете најголеми партии, шири ја пропагандата меѓу твоите роднини и пријатели, освести ги, за на крајот да ставиме точка на понижувањето кои ни го вршат не кадарни луѓе, кои не понижуваат на секој можен чекор.

No comments:

Post a Comment