Како што сите добро веќе знаеме во Македонија 2001 година се водеше војна за територии, која поради неспосбноста и кукавичлукот на дел од нашите политичари, не ја завршивме на терен, за денес да ја нарекуваме "граѓанска", иако е повеќе од јасно дека таква таа не беше.
Е тогаш господата од УЧК ги соблекоа униформите, и ги облекоа оделата, се наполнија со пари и го ебаа мамето на Македонија.
Тоа што денес ги краси господата од УЧК е нивната упорност во манипулации пред се на своите Албанци, повикувајќи ги на разни протести со измислени мотиви, се со цел да покажат сила, за да ги заматат нивните тендер проекти во кои тие учествуваат заедно со македонските политички елити, значи ги користат Албанците да го засилат своето влијание но пред се во корист на своите македонски другарчиња за тие полесно да крадат и вниманието на јавноста да биде свртено на страна, значи УЧК носи Албанци на улица, тие протестираат, добиваат нешто за возврат, а во цело тоа време тие и "нашите" политичари сложно си крадат.
УЧК никогаш немаше да се на власт ако имавме правна држава, па една рекапитулација на сите настани.
Сите видни лица на УЧК беа обвинети со докази и требаше да се осудени за прекшрување на човекови права во војната 2001, пред се за два настани, киднпараните Македонци како и Мавровски работници.Не ги вклучуваме тука останатите злостроства, доволни се овие две.
Дур наши бранители одговараа во Хаг, овие случаи беа вратени на Македонија.
Наместо да се процесионирани, тие беа амнестирани, со што се измочаа нашите политичари.
Но колку се тие криви, толку е крив и самиот народ, кој не излезе на улица, кој молчеше, кој трпеше неговите жртви да бидат сметани како колатерална штета, а гробовите на киднапираните Македонци до ден денешен да не се знаат.
На изборите 2002 произлегоа двете главни партии кои ветија ,коалиција со УЧК ниту по една цена, дури и да не се во Влада.
Е зборот колку вреди на нашите политичари сами знаеме, па 2002 веднаш УЧК влегоа во удобните фотељи на власта.
Одиме понатаму, другата партија исто така вети дека нема да е со нив во коалиција, 2006 и не беше, но под услов поставен од една партија со слично име.
Потоа 2008 со убедлива победа и без никаква потреба, тие коалицираа со УЧК, по некаков си Мајски договор, иронично за нив тој не важеше и УЧК им го набута со се јајца.Но кој со ѓаволот тикви сади ______.
Чести се и обвинувањата, ма кој ги помогна УЧК , па ајде да видиме.
Првите ги внесоа во власт, им дадоа легимитет, фотељи, победа на локални избори, можност да влезат во службите на државата.
Другите им дадоа амнестија, ги ослободија од воени злосторства, добија министер за одбрана, министер на МВР, па потоа добија и претседател на собрание (втор човек во државата) од нив направија маченици и херои, прогасувајќи ја војната како граѓанска а не како атак над државата.
Во меѓу време изградија свој плоштад во Скопје, изградија споменик на УЧК сред Скопје, денес го слават својот прв загинат борец како маченик сред Скопје, добиваат финансиски средства за финансирање на песни посветени на нивните маченици, сето тоа и од двете партии.
Да не заборавиме како УЧК јуришаше по македонските деца на Кале, како поддржуваа тепачки по автобуси на меѓунационална основа, како луѓе кои основна дејнсот им се напад 30 на 5 станаа пратеници и луѓе кои ќе носат одлучувачки одлуки за Македонија, без да го прашат народот.
И така УЧК е власта во Македонија, тие ја окупираа Македонија, а Македонецот упорно ќе гласа за Преродбата и за Животот, кои важат само за УЧК, а не и за Македонецот.
No comments:
Post a Comment