Monday 5 February 2018

Да учиме, наместо да се исмеваме

Се вжештува атмосферата околу спорот за името, се случија и протести во Атина, кој беа со солидна масовност исто како и тие во Солун, едни од најголемите во Атина последните неколку години.

Деталот кој беше најинтересен е присуство на луѓе со темен тен на кожата на протестот.Исмевањето за тоа какви Грци се тие беше со огромна доза на сеир од Македонецот, не сфаќајќи дека токму во тоа е силата на Грците.

Тоа покажува една јасна грчка политичка доктрина која трае со векови.
Ако сакаш да живееш и да работиш во Грција , ќе бидеш поголем Грк и од самите Грци.Затоа и самото присуство на мигрантите во овие протести е токму со таа цел, да ги направат Грци достојни да живеат во Грција, иако по крв и боја на кожа тоа никогаш нема да бидат, но со духот у разумот на бидат Грци пар екселанс.


Тука се покажува нашата ахилова пета со Косово, ние примавме луѓе без да им изградиме свест на припадност кон Македонија, да направиме поголеми Македонци од нив отколку што сме ние.
Денес тие луѓе се најголемите непријатели, душмани и луѓе кои полека  ја разрушуваат Македонија.
Затоа наместо да ги исмејуваме, да учиме од Грците, за тоа како се прави и гради држава.

No comments:

Post a Comment