Спорот со името Македонија е доста актуелен , посебно по најавите дека сме блиску до решение за тој спор.
Но дали и колку сме навистина до решение за спорот на името и дали тоа е достојно.
Прво колку е тој спор оправдан ?
Спорот апсолутно нема никакво оправданост, секоја земја има право да го одбере сама своето име.
Друг факт , дали името Македонија е грчки екслузивитет ?
Напротив, не е.Грција е една од земјите која има владеено со тероторијата на тоа што денес го знаеме како Македонија, но не е единствена, ниту пак најмногу владеела.
Именувањето на нашата земја со името Македонија, на ниту еден начин ниту го нарушува, нити го загрозува националниот идентитет на Грција, Грците, а уште помалку е закана за нивниот територијален суверинитет.
Тоа е краток правен аспект зошто не е спорот оправдан, сепак да ја погледнеме целината на сегашниот спор од историски аспект.
Македонија пред да го добие сагашното име по кое е позната во антиката имало сосема друго име а тоа е Ематија.Со самото тоа се прави првата промена на името кога Ематија станува Македонија.
Низ историјата Македонија и овој регион имале различни имиња во зависност од тоа кој владеел на оваа територија.
Со самата поделба на Македонија настанува и нејзиното вештачко поделување на Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, која е повеќе поделба која и не е баш целосно географски исправна.
Струмица на пример е посоодветна во Пиринска Македонија, токму поради тоа таа и припаднала на Бугарија , но со Нејскиот договор е под кралството СХС.
Битола е повеќе кон Егејска отколку кон Вардарска Македонија, бидејќи Битола бил центарот околу кој гравитирале градовите од Егејска Македонија.
Охрид и Струга се многу одалечени и немат никаква поврзаност со течението на Вардар, ни со самата река, ни со некоја нејзина притока.
Тоа многу добро би требало да ни покаже , зошто не би било соодтвено името Вардарска Македонија.
Исто така да се направи анализа на другите имиња кои се во игра, Нова, Горна и Северна Македонија.
Нова Македонија е име кој има две значења, едното дека повторно има нова македонска држава и она на кое Грците алудират дека оваа Македонија нема врска со историска Македонија.
Предлог на име кое е најглупо и најнесоодветно, нема никаква правна ни историска оправданост.
Северна Македонија, колку и да звучи навредувачки е име кое е добро, со оглед дека ако оваа е Северна тогаш има и Јужна.Тоа отвара простор на разни толкувања, дека Јужниот дел е окупиран, но и дека северниот треба да припадне кон јужниот.Име кое е како меч со две острици за двете страни.Сепак е колку толку прифатливо во случај на пораз.
Горна Македонија е античка држава со чие што поврзување Македонија не губи ништо од своето античко лудило на кое се повикува, и е супер име за античките Македонци, но не и за останатите.
И на крај најчудното име Централна Балканска Република.Е тоа име е ептен опасно не толку самото име, колку што е редифинирање на Македонија како држава.
Доколку има во склоп на самата федерација име Република Македонија, со тоа се зачувува самото име на државата, продолжуваме да фунцкионираме исто како Југославија, не ние загрозен идентитетот, но ни отвара друг проблем , федерализација и иден распад доколку немаме силни политичари, а такви немаме.
Дали промената на името ни гарантира сигурност, како држава?
Апсолутно не.Нема никаква гаранција дека Македонија ќе биде заштитена и ќе опстане како држава каква што ја познаваме денес.
Прво дали некој ги заборава грчките линии, Охрид-Битола-Струмица-Неврокоп, кои грците ги сметат за грчки градови, кои се окупирани од страна на Македонија и Бугарија.
Кој гарантира дека Грција не би посегнала кон нив ?
Потоа, кој дава гаранции за целосен територијален суверинитет и интегритет на Македонија од страна на албанските сеператисти.Дали Македонија ќе опстои како држава ?
Дали се гарантира дека УДБА и Србија повеќе нема да ја владеат Македонија од сенка ?
Кој гарантира дека по распадот на ЕУ и НАТО (ниту еден сојуз не е вечен) дека Македонија ќе може да си го поврати своето име.
Македонија може да потпише договор за промена на име , само ако има силни гаранции кои ќе гарантира целосен територијален суверинитет, односно дека Македонија нема да се распадне, дека не би била блокирана во својт влез во ЕУ и НАТО, па кога тие ќе се распаднат да има право да го поврати своето уставно име.
И за крај не треба да заборавиме, дека нашите револуционери и херои гинеа за през голгота да создатат Независима Македония, а не држава со друго име.
И ако за една голгота нужно е потребен еден врв, ние ќе го наречеме Македонија.
No comments:
Post a Comment