Friday 10 March 2023

Трезвена младино, разбуди се, делувај !

 Македонија покрај својата трагична McDonald's  младина има и малобројна храбра трезвена младина, младина која треба да ги превзема работите во своите раце, да се разбуди од сонот во кој е заспана и да делува.

 

Пред некој ден имавме ракометен натпревар во Белград помеѓу екипите на РК Партизан и РК Вардар, таму дел од малубројната трезвена младина ја одбрани својата такотвина, врати на понижувачкиот однос од противникот, покажа заби и крактер, но тоа останува само на спортските приредби, додека таа енергија, карактер, сила и достоинство не се пренесуваат на улица, во одбрана на Македонија.

 

 Ние одамна требаше да сме разбудени, но никогаш не е доцна, сеуште има доволно Македонци во Македонија кои може да ги направат промените, нас не ни треба верба во лажните политички елити, системот кој не убива треба да го срушиме, имаме сили, имаме интелигенција, имаме крактер , ни фали само најважното, организација, организираност.

 

Ако нашите прадедовци со ВМРО го треселе целиот свет, тогаш што би можеле да направиме ние , нивната крв тече во нашите вени , а крвта не е вода, во таа крв е храброста, решителноста, упорноста, борбеноста, лудилото  кое тие го поседувале за да станат главен фактор на дестабилизација во цела Европа тогаш кога тоа било потребно за Македонија.

 

Млади Македонци, свесна и трезвена младино, доста спиеш, доста дозволуваш срамната  McDonald's  младина да доминира во татковината, време е за борба, време е да покажеме дека можеме многу повеќе од тоа да бидеме робови, да покажеме дека се способни да сме слободни, да живееме во нашите вечни огништа, да го оствариме сонот на нашите прадедовци и да живееме во слободна , силна и просперитетна Македонија.


Време е за национално, младо будење, време е за востание против овој трул систем, време е да ја ослободиме татковината, затоа што тоа го можеме само ние и нема да го направи тоа за нас никој друг.




No comments:

Post a Comment