Thursday 7 July 2022

ХЕРОИЗАМ

 Самите протести полека но сигурно почнуваат да откриваат многу работи во македонското општество , се покажува кој е кој, не само политички туку и како човечки карактер и особини.


Соживотот го имавме на дело, група на Албанци ја нападнаа колоната Македонци кои протестираа, фрлајќи тврди предмети а дури и употребија огнено оружје со цел да ја растурат и избркат толпата и да го спречат протестот кој воопшто нема ништо против нив, туку напротив за прв пат протесите се насочени кон сосема друга етничка заедница која нема допирни точки.


Но група на македонски навивачи, патриоти и родољубци  кои беа дел од толпата, се издвои покажувајќи храброст своевидна за Македонци од таков склоп и голораки тргнаа во одбрана на обичниот народ и кога се фрлаше камења кон нив и кога се пукаше со пиштол не се повлекоа ниту чекор назад во одбрана на својот народ, својот дом, хероизам кој потсетува на едни други пославни времиња од македонската историја.


Се покажа уште еднаш кои се најдостјни синови на Македонија, тоа се навивачите , националистите кои секогаш се спремни да се саможртвуваат за татковината и својот народ кој на жал секогаш им вртел грб до сега, но редно е тоа да се промени.

 


 

1 comment:

  1. Дпмне и левица овие чесни храбри луѓе од први редови ги нарекуваат инфилтрирани платеници...
    Не им одговара вистински протест, па затоа они се организатори и лажираат протест со цел отпорот да го контролираат и да биде што помал
    Анти политика слобода за народот!!!

    ReplyDelete