Saturday 25 June 2022

Франција - будењето на Европа !

 Во изминатиов период се оддржаа избори во Франција и тоа претседателки  и парламентарни во кои се покажува доста голем раст на француската крајнадесница, кои остварија најдобри резултати во историјата на избори во Франција во оваа 2022 година.


Француската крајнадесница за волја на вистината секогаш била силна во лицето на семејството Ле Пен, но сепак обединетоста на сите останати  и силната медиумска пропаганда никогаш не дозволи сериозно присуство на  крајнатадесница во политичкото функционирање на Франција.


И покрај влезот на семејството Ле Пен во повеќе изборни циклуси во втор круг сепак тие таму беа убедливо поразени затоа што и умерената десница и левицата , комунистите и либералите имаа заеднички фронт против нив.


Сепак низата на терористички напади, се поголемото присуство на мигранти, исламизацијата на Франција почнаа да ја палат црвената ламба кај франзуците кои се помасовно даваат поддршка за оваа опција (но и за останатите нови крајнодесни опции), со рекордни 13 милиони во втор круг за претседател и убедливо најмала изборна разлика, а уште повеќе со 4 милиони гласови на парлаемнтарните избори , кои се рекордни резултати.


Ребредирањето на партијата од страна на Марин Ле Пен и нејзиното тргнување од претседателската функција на партијта (дефакто) и оставање на партијата да биде водена од млад лидер Бардела (роден 1995) веќе почнаа да носат солидни резултати за партијата.


Иако партијата постојано освојуваше над милион гласови поради сложениот изборен модел на Франција каде што за секој пратеник се гласа во посебни изборни единици, секогаш кандидатите беа поразувани во вториот круг поради обединетоста на другите идеологии, па и со скоро 3 милиони гласови паријата немаше свој претставник во парламентот на Франција.


Но последните избори се радикален пресврт, французиве веќе не се толку одбивни кон кандидатите кои нудат решенија против проблемите со кои се соочуваат, па така од само едвај 2 пратеника на изборите  2012 , па 8 во 2017, денеска крајната десница на NR (порано National Front) освои рекордни 89 пратеници што означува дека полека но сигурно Франција веќе ја отфрла стигмата кон крајнатадесница, успевајќи тотално да ја згази умрената пролиберална десница која овие избори освои 64 пратеници, најлошиот резултат во нивната историја.


Со оглед на растот на крајнодесните движења кои успеаа да се модернизираат и наметнуваат се повеќе кај младите, со тоталното рушење на лагите на масмедиумите не очекуваат доста интересни избори ширум Европа по кој картата на политичко делување во неа никогаш повеќе нема да биде ист.






No comments:

Post a Comment