Sunday 7 June 2020

Политиканството не убива

Политиканството убива тоа е нешто кое е многу пати кажано овде на блогот, но овој пат политиканството почнува да си го зема својот данок во човечки животи, секојдневно луѓе ќе се разболуваат и умираат поради политиканството на двете најголеми политички партии кај нас.


Изборите ќе го земат својот данок, Македонија го има потенцијалот кога веќе сите почнуваат да се спремат за нормален живот ние да бидеме новите Италија, Шпанија во моменти кога кризата завршува.


Не заборавајте дека и оние за Живот и оние за Обнова се во заедничка коалиција на власт во таканаречената техничка пржинска влада, само за потсетување  дека нивните пресконференции се фарса.

Кога беше времето за полициски час за Рамазан, оние од Животот се усраа дека ќе ги изгубат гласовите на нивните најверни гласачи, а од друга страна мораше  да се правда пред православниот народ кој го тероризираше, а пак овој за Обнова сакаше да го укине полицискиот час и за да им се додвори на оние гласачи, ем да ги привлече православните, демек е способен и вовел ред во државата.

И дур тие тераа политиканство, за да освојуваат гласови, без никаков ред и поредок, брзајќи за избори и во поткопување на гласовите за нив, државата се соочи со пукнување на криза која е поголема од онаа која ја имавме кога таа беше заедничка на светско ниво, броиме рекордни заболени, броиме жртви,  а решение немаат бидејќи тотално се изгубени, прости и неспособни.


Наместо државничка политика и решавање на кризата од корен, ние гледавме како да добиваме гласови, е сега добивањето на гласови ќе не направи затвореници во сопствената држава во 21ви век.

Затоа сега кога ќе се изборите , кога и да се, паметно размислејте два пати, дали ќе одите и ќе гласате за продолжување на овие политикански игри кои ве убиваат буквално или ќе почнете да размислувате за делување на улица и за градење на одговорна и државничка политика.


No comments:

Post a Comment