Многу време се мислев дали да пишувам нешто поврзано со вирусот Covid 19 поради кој и на неодредено време ја одложив и активноста на самиот блог, но сметам дека треба да напишам збор два за мои видувањa околу ситуацијата со вирусот и како ние се справивме со него во Македонија.
Како прво за разлика од големите промотори на теориите на заговор јас сметам дека овој вирус постои, но сепак неговата сериозност е преувеличена односно е многу многу помала од таа што се претставува по медиумите, за неговата смртност и паниката која насатана како последица на тоа.
Сега анализа за тоа како македонското здраство се справи со кризата, на почетокот тоа беше доста самоуверено и силно но со многу почетни грешки кои дојдоа не од обичнот народ туку од медицински лица кои треба да бидат едукаторите во борба против вирусот, македонското здраство попушти и Короната на големо навлезе во Македонија, однесе доста жртва, процентуално при врвот во Европа.
Колку и сите да се воодушевени од ораторот Филипче кој е голем работник и еден од најдобрите според многумина убедливо најдобар во својата област, сепак како министер не покажа ништо повеќе освен ораторски вештини кои при врвот на кризата му исчезнаа и беше тотално изгубен со нејасни и збунувачки одговори или избегнување на одговор на одредени прашања.
Мерките беа конфузни и неоправдани, освен мерките за затворување на кафулињата, училиштата, театрите и на спортските објкети каде што се собира голем број народ, полицискиот час е чиста тортура над народот.
Полициски час кој започнуваше во 23:00, па во 21:00 и другите термини да не ги набројувам познати на нас, немаат никаков ефект, како прво предизвикуваат народот да ги врши своите задачи во раните утрински часови по што настануваат големи гужви и најплодно тло за ширење на било каков вирус, не само на Ковид, во часовите кои беа определената групата на граѓани која е подложна на ризици од заболување воопшто не е ниту активна, со што само таа место да се заштити се прави да е подложна на повисок ризик, удар во раните утрински часови и гужвите кои настануваа во тој период.
Маските и нивното носење, кога беше пикот тие не беа задолжителни, кога веќе тој помина и кризата е при крај , тие се задолжителни, уште една мерка каде што нема никакво логично објаснување.
Играта со празниците , односно затворањето на црквите за Велигден и најдолгиот полициски час во историјата на Македонија , наспроти давањето на шанса верниците од исламска вероисповед да си го извршат своите верски должности за Рамазан Бајрам, сами по себе можеа да донесат и до верски немири и нетрпеливост, тотално непотребни во Македонија.
Економијата доживеа свој бродолом, никакви мерки за спас на економијата и помош на оние кои се на удар, се помогна само на олигарсите кои и немаа потреба од помош, угостителските објекти затворени и голем дел од нив пред пропаѓање, илјадници луѓе останаа без работа, а решение за нив државата нема, со што кризата на финасиски план допрва ќе не удира и ќе ја осетиме на своја кожа доколку навремено не се освестат од Влада.
Шведска и Финска покажаа најсоодветен модел на борба против корона кризата, иако за воља на вистината таа и не дојде до Финска , додека Шведска која беше на удар одлично се справи со него, жрвтите во рамките на нормалата , економијата не трпеше ништо, народот немаше никакво психолошко малтретирање и ширење на паника.
За крај за вирус кој не е ниту опасно смртоносен, сличен на сезонски грип, успеавме да паднеме во замката на паниката , да ја изгубиме логиката и да си нанесеме сериозни штети по нашето ментално здравје но и по економијата за чие што санирање најверојатно ќе бидат потребни и по неколку години.
No comments:
Post a Comment