Спортот е тема која никогаш не била дел од блогот, но овој пат ќе се направи еден исклучок, бидејќи овие денови преку спортот се покажа каков е карактерот и срцето на Македонецот.
Следејќи го ЕП во одбојка, сите оние кои ги гледавме сите натпревари можевме да го видеме лицето и карактерот на Македонецот во секој од натпреварите, борбата, пожртвуваноста и срцето македонско кое гинеа на терен.
Натпреварот со Русија најдобро ја долови сликата на тоа што е Македонецот, кога одбојкарите импресионирани од противникот однапред се предадоа беа лесен плен во првите два сета, но кога се ослободија од својот психички товар и изиграа од срце и душа самите за себе, имаа и сет топки и шанса да освојат сет против големата одбојкарска Русија.
Натпреварите со Белорусија и Словенија се слика и прилика за тоа како треба да се гине за дресот на државата, како треба да се испоти, да се изгине и победи, како се игра со муда што се влечат по земја и срце големо како планина.
Она што можеби е најголемото наравоучение од целиот турнир е следниов, кога Македонецот тргнува со своите размислување дека е мал и неспособен да смени нешто тој е губитник и лесен плен , но доколку дозволи да врие неговата крв, да проработи неговото битие, тој е ѕвер кој гине и победува на крајот од битката.
Ослободувајќи се од нашите предрасуди за самите себе, од металните окови на нашиот ум кој го држиме во робство, почнувајќи да делуваме со срцето, душата, го изнесеме нашиот инат, го оставиме нашето срце големо како планина да бие силно, храброста која ја имаме во нашите крв и вени ја ставиме во полна пареа, тогаш ништо, ама апсолутно ништо не може да не спречи да ја оствариме нашата цел, да изгинеме за татковината.
Лекција која треба да ја научиме не само за спортските терени, туку и во приватните животи, за да не бидеме повеќе странци во своја држава.
Фала ви одбојкари што ни покажавте и докажавте што значи да си Македонец, а останатото зависи од нас самите.
No comments:
Post a Comment