Гледајќи го спотот за песната Нешто ќе те питам бабо во изведба од Некст Тајм, првата помисла која ми помина на глава е, конечно, конечно спот и изведба на песната од македонски изведувачи, конечно се развеа бајракот на слободата, црвено-црното свето македонско знаме.
До пред не повеќе од 5 години, тие што ќе ја слушеа или пееа песната Нешто ќе те питам бабо, беа сметани за предавници и изроди, бугарски платеници и слуги, анти Македонци, за нив се пишуваа статии во весници, се линчуваа јавно луѓето кои јавно ја пееа и бараа оваа преубава македонска народна песна, а денес таа ечи во домот на секој Македонец.
Toа значи дека конечно доаѓа времето на МАКЕДОНШТИНАТА, македонизмот, удбашкиот национализам и сите други лаги за тоа што е Македонецот ќе завршат, ќе се дознае вистината за Организацијата, ќе паднат маските на лажни херои кои денес ги славиме, а вистинските херои ќе го добијат местото кое го заслужуват, ќе ја дознаеме вистината за периодот помеѓу двете светски војни, а можеби најважно од се ќе се дознае вистината за Македонија во Втората светска војна а не лагите кои сега се сервираат, додека црвено-црното знаме на слободата ќе се вее во секој македонски дом.
За крај едно е сигурно, борбата продолжува, а еден ден наскоро, конечно Македонија ќе живее во слобода, а не во робство !
No comments:
Post a Comment