Monday 4 February 2019

Не сме повеќе кираџии во своја држава

Кираџии во своја држава, многу честа користена фраза од Македонците со кои ја опишуваат состојбата во која констатно се од 2002 наваму, фраза која денес веќе не важи.

Е сега некој од прва ќе помисли, е што си ја вративме државата или владееме со неа, кога таа го смени името, а ја владеат истите паразити и тумор (ДУИ) од порано.

Одговорот е доста едноставен, ние веќе ја изгубивме државата па со самото тоа ние немаме држава во која би биле кираџии.

Името е најмал проблем во тоа, можеме да се викаме и Централна Балканска Република, а таа да биде наша држава и Македонска, за разлика од држава која би била прифатена со Република Македонија ерга омнес, па би биле кираџии и измеќари во неа.

Најмакедонската држава во последне два века не го носела името Македонија, туку Крушевска Република.
Да таа држава не го носи името Македонија, па сите ја славиме, ја величме и ден денешен на Мечкин Камен.

Ова е најпрост пример дека името не значи дека и државата е македонска, посебно што Северна Македонија колку и да е е поразително, од друга страна потврдува дека Македонија е поделена , не е целокупна и со самото тоа се потенцира историската неправда кон нас од Букурешкот договор.

Затоа е многу важно да почнеме да се бориме и да создадеме нова наша држава, тоа е историска шанса која не сме свесни колку многу вреди, колку многу значи, држава која е ослободена од предаства, од хипотеките на минатото, држава во која зборот на Македонецот ќе е последен и вреден, а таа ќе се создаде не на интернет и социалните мрежи, туку со активно пишување, делување на улица, со ширење на пропагандни материјали, весници, списанија, книги, кои ќе ги едуцираат и мотивираат Македонците да се изборат за неа.

Оваа е историска шанса за нас како генерација, да создадеме нова држава која ќе биде наша и на сите оние кои ќе ја прифатат културата , јазикот, вредностите кои таа ќе ги носи, а не обратно.



No comments:

Post a Comment