Сиромаштијата е една од најголемите болки што може да ги има едно општество, бидејќи со самата неа носи низа на други негативности кои сериозно може не само да го нарушат, туку и да уништат едно општество.
Матерјалната сиромаштија со себе ја носи и духовната сиромаштија, нема повеќе морал, се гази преку другите за да се успее, не бирајќи средства.
Начините на кои сиромаштијата кај нас лесно се согледува е во неколку прости примери.
Првиот е зголемувањето на присуството на религијата и новите религиски заедници, колку и самиот јас да сум религиозен верник на МПЦ-ОА, сепак религијата е присутна и расте ненормално многу во сиромашните средини од неколку аспекти :
Прво да расчистиме самата таа нема никакви теолошки вредности, туку луѓето гледаат начин преку религијата и молењето во Бога да им паднат вреќа на пари од небото и на тој начин да ги решат сите свои проблеми.
Потоа самото верување не е по Библијата и религиските учења, туку е своеволно теолошко учење и верување кое се пренесува (што е уште пострашно) од генеранција на генерација, многу често во тотален конфликт со самите религиски учења.
Се појавуваат разни гатачки и врачеви, кои прават магии, предвидуваат иднини, давејќи разни совети за ритуали како сиромавиот да ги следи и преку нив да стане богат, а истиве тие лица кои ги посетуваат нив се оние верниците кои одат во црква.
Самиот очај да излезат од сиромаштијата ги прави ранливи, давајќи пари по тие богохолници и изманици, надевајќи се дека ќе станат богати.
Појавувањето на нови религиски заедници кои ветуваат брда и долини, но и даваат пари за да станете дел од нивниот култ се честа појава, а кај нас тие се во невиден подем како никогаш до сега.
Другиот главен елемент на кој се согледува големата сиромаштија е игрите на среќа.
Во Македонија на секој чекор , во секој ќош се крие по едно казино, спортска обложувалница или трафика која продава лозови од лотарија или грепки кои нудат разни награди.
Пробувајќи си ја постојано среќата надевајќи дека таа ќе му се насмевне, многу млади се задолжуваат, ги внесуваат сите пари заработени со својот труд на коцка, несвесни дека не само што нема да добијат туку и повеќе губат и тонат во уште поголема сиромаштија.
Ваквите објекти ја уништуваат младината, нивните животи, без притоа самите жртви на овој најстрашен порок да бидат свесни за тоа.
Заклучкот е повеќе од јасен, во општествата зафатени од голема сиромаштија секој што нуди било каква надеж е прифатен како Бог, но таа лажна надеж не носи ништо друго, освен зголемување на сиромаштијата а богатење на оние кои ја креираат.
No comments:
Post a Comment