Wednesday 9 May 2018

Чија победа ние славиме ?

Денес е 9 Мај и некако сите се преокупирани со прослава на некаква победа над фашизмот, ден кој нема никаква поврзаност со вистината, бидејќи како прво ниту Германија беше фашистичка земја туку националсоцијалистичка.
Самата идеологија фашизам е жива до тој степен што од по 1945 таа никогаш не била пожива и поактуелна, вистината не може да ја победиш, може само да ја криеш додека таа не излезе на виделина.

Сепак кај нас овој ден се славеше со големи прослави, иако и самите не знаат што навистина добивме од така наречените победници, односно што тие ни донесоа на нас.

Како прво тие донесоа пустош и убивања по Македонија, само за Крвавото Коледе се убиени повеќе Македонци отколку во цел период 1941-1944 година.
Во Егејска Македонија бомбардираа со напал бомби , додека "ослободителите" ја затворија границата со што ги оставија Македонците како топовско месо за тестирање на нивните биолошки оружја.

По 1945 година победниците кои ги славиме ги затоворија по затвори и убија во нив сите учесници во ослободителните борби, движења и востанија на Македонија, извршувајќи прав егзодус.
Цела напредна младина која не се согласуваше со едноумието беше убивана, затварана и носена на Голи Оток.

Добитокот кој го имаа македонските сточари беше преполовен, со закон дека козите се штетни по природата тие беа присилно одземени и однесени во Словенија.

И да не продолжам повеќе, јасно е дека Македонија е најголемиот губитник во Европа од  "победата " на денот 9 Мај.


Тоа што повеќе нас треба да не поврзува со овој ден е терористичкиот напад во кумановската населба Диво Несеље и обидот на албански екстремисти и сеператисти да започнат војна во Македонија, војна со големи крвопролевање и оделување на териотрии од Македонија.

9 Мај треба да биде посветен ден на сите 8 бранители кои со својот живот ја платија нашата слобода, сигурност, кои не задолжија да ја чуваме нашата татковина Македонија.

Сепак тие речиси и да не беа споменати во присилувањето да се заборави овој настан, за градење на некаков си соживот со сеператистите, а за тоа многу добро служи денот на "победа" над фашизмот или денот на Европа.

Затоа 9 Мај е денот кој го посветуваме на нашите бранители кои храбро се бореа за родината и го положија својот живот на нејзиниот олтар.

Слава им !

No comments:

Post a Comment