Пред неколку денови беше за југословените познатиот ден на младоста, 25 Мај, ден на штефетата и на плачење како се живеело некогаш убаво крадејќи и уништувајќи ги способните, кога самиот ти си неспособен и некадарен.
На и тоа не е главната комедија , главната комедија ни доаѓа од Куманово.
Национално свесни и едуцирани Македонци го срушиле спомен обележјето на диктаторот Јосип Броз Тито, нешто што требаше да го направи самата држава многу одамна.
Секако дека вакви акции многу радуват и како што напишав во текстот порано редно е тие да се организирани како целина, а не поедини акции на поединци, но пак да се вратиме на темата.
Од многу места реакција против оваа акција, но една навистина не насмеа на сите до солзи, а тоа е реакцијта на ОК ВМРО ДПМНЕ - Куманово.
Дали е можно луѓе кои го носат тоа свето име ВМРО , да бранат спомен обележје на Тито ?
Дали овие луѓе знаат што направи Тито на видните кумановски вмровци, луѓе кои беа учесници во Илиденско-преобреженското востание, луѓе кои со својата храброст го прославија Куманово ?
Дали чуле за Крсто Лазаров ?
Дали знаете дека кумоновските вмровци се бореа без капка страв токму против партизанските банди на Тито, а кумановската контрачета беше една од најхрабрите ?
Дали знаете дека е убиен од комунистите од што се плашеле од него, па го осудиле посмртно на смрт ?
Повеќе за самиот војвода на линкот Крсто Лазаров .
Далеку сте вие од ВМРО и доста го злоупотребувате тоа име.Можеби ако сте потомци на едни други бандити што сакаа да го узорпираат тоа име па лошо поминаа (ВМРО(Обединета)).
Ова е уште еден доказ за тоа што го зборував, дека имаме тотално неедуцирани политички раководници , кои не знаат ништо за својата идеологија, не знаат историја, немаат познавање за сопствените херои и непријатели.
Ваквото бламирање и гнасење на името ВМРО е срамно без разлика од кој доаѓа и редно е оваа партија или да се распушти, да го промени името, или да направи сопствен тест на членовите за познавање на историја и идеологија, па после тоа да останат само прави вмровци , а тие се малумина, на жал.
И за крај уште еден голем поздрав и респект за кумановците кои ја извршија оваа акција и нека се множат !
No comments:
Post a Comment