Тоа што најмногу недостасува кај Македонците во нивното политичко делување е вербата, вербата во својата борба, вербата во конечен успех и победа.
Самиот корен на овој проблем доаѓа од фактот што целосно политиката по која се води македонското општество е од интерес, задоволување на одредени партиски елити и пиони, притоа не дозволувајќи шанса за развој на било каква корисна и национална политика во корист на државата.
Тоа што треба да ние јасно дека коренот на овој проблем сме сите ние како колектив што немаме верба дека тоа треба да се промени или најконкретно што го дозлуваме, толерираме а најжално од се , се помируваме со тоа.
Токму за тоа се да се промени, најпрвично треба да се има верба дека ваквите промени ќе дојдат, прво верба во самиот себе и своите индивидуални квалитети како и големата љубов кон родината, а посебно верба во својот колектив и својот народ.
Доколку самите ние не веруваме во нас и не поседуваме верба, тогаш вечно ќе живееме во мракот од тиранија која не обвива како општество и што владее со нашите животи.
Верувај дека токму ти си гласот на промената , искрата на бунтот кој ќе промени се, која ќе ги пеплоса сите политичари и паразити кои создадоа општество во кое владеат само интересите и користа, без никаде да биде вреднувана државата и колективот.
Мракот во кој живееме е само привремен, бидејќи многу добро знаеме дека има сонце, а сонцето кое ќе го побие мракот во кој е обвиена Македонија е токму нашата верба, вербата дека може да се поразат политичките тајкуни, вербата во родината која ги има најубавите природни богатства, татковината која очекува нејзиниот народ да се разбуди од долгиот сон и летаргија.
Вербата е клучот на сите промени, вербата е таа која не води кон живтот и поради која живееме, вербата во новиот ден, новиот старт, вербата во подобро утре.
Кога ќе почнеме да веруваме во самите себеси, во своите квалитети, да веруваме дека можеме да си ја вратиме државата на нас самите, како што верувале нашите револуционери , кои по покрај сите неуспеси, падови, секогаш верувале во својата идеја за слободна, независна и просперитетна Македонија, редно е да го следиме и пратиме нивниот дух и како нив да веруваме дека можеме Македонија да ја направиме таква каква што била во нивните соништа.
Бидејќи ако не веруваш самиот во себе, ако немаш верба во твоите можности, тогаш секогаш ќе бидеш осуден да живееш заробен од тиранија, во која никогаш нема да го искористиш својот потенцијал и вечно ќе бидеш окован во окови кои ќе го уништуваат твојот дух.
No comments:
Post a Comment