Monday 5 March 2018

Дали мислиме на иднината ?

Сигурно една од основните карактеристики на нашето постоење е борбата да изградиме поубав и подобар свет за генерациите кои доаѓаат по нас, кои ќе имат едноставна задача да го сочуваат или подобрат тој свет за генерациите по нив.

Сепак долгото владеење на комунизмот во Македонија остави трајни последици на жал, во перцепцијата на Македонецот, зошто тој постои и какви треба да се неговите цели.
Револуционерите на кои се воодушевуваме во минатото многу јасно знаеле дека нивната борба не е за нивната генерација, туку да го олеснат патот за ослободување духовно, културно и национално на генерациите што доаѓаат по нив.
Тие  ги рушиле препреките и граделе пат по кој денес на жал малкумина одат, иако денес многумина се трудат го искривуваат тој пат, ние гордо по него ќе чекориме без застанување.


Денес живееме во свет во кој најважно е задоволувањето на старстите и желбите на поединецот, кој не се гледа себеси како припадник на едно поголемо добро, на еден колектив, на една нација.
Одење по партиски штабови, понижување пред функционери, седејќи по цели денови во партиски штабови за вработување, без никаква идеологија, жар и желба за допринесување за градење на подобра Македонија, баш напротив, сосема им е сеедно што прави нивната политичка партија за Македонија, се дур тие се вработени од истата.


А дали мислат на нивните правнуци, дали мислат на оние генерации кои доаѓаат по нив, кои ќе ја носат нивната крв, каква држава им оставаат , ако воопшто со ваков менталитет оваа држава опстане ?
Живеејќи само за себе од ден на ден понижувајќи се за партијата ја уништуваме иднината на генерациите кои доаѓаат по нас, генерации кои ќе немат доктори и здраство , генерации кои ќе се молат да преживеат дур се возат по нашите "автопати",  генерации осудени да немат образование, кои нема да ги познаваат своите херои, буквално генерации уништени од алчноста на нашата генерација.
Затоа мора да промениме се од корен, да почнеме да мислиме како колектив, да сфатиме дека ние како поединци сме само едно парче од големата сложувалка наречена нација.
Тоа не значи дека не треба да имам свои сопствени одлики, свои интереси, желби, но тие да не бидат на штета на големото добро а тоа е државата.

Време е да почнеме да го променуваме општеството во кое што живееме, трудејќи се лично самите а и што повеќе луѓе да ги насочиме да одат исклучиво по патот во кој државата е над се, борејќи се да изградиме подобар свет за генерациите кои доаѓаат по нас.





No comments:

Post a Comment