Македонија е земја која долго време е без национална гордост и свој национален идентитет, кој систематски беше уништуван од комунистичките власти низ годините, уништување кое трае и ден денешен.
Македонецот на жал стана едно плашило, човек без чувство на припадност, човек кој е покорен на неговите владетели кои сакат да ја сечат неговата глава.
Се води по девизата , Наведната глава сабја не ја сече, но исто така наведната глава не го штити неговото срце кое тој меч ќе го прободе остро и право во центар.
Џабе главата стои, кога во себе Македонецот нема срце.
Ваквата ситуација го погодува секој македонски националист кој покрај својата борба тоа да го промени, тој останува немоќен да смени нешто, да го извади Македонецот од бездната во која е длабоко влезен.
Како борбата на Дон Кихот против ветерниците, така и македонскиот националист војува против непријателите на Македонија , без поддршка од својот народ.
Пламенот во нашите срца е голем , и гори како пожар, кој нема да ни дозволи да сме спокојни, ќе не потикнува постојано на борба, на браникот на татковината, дур сме живи.
Сепак колку и да е голем пламенот во нашите срца, тој е само искра во државата, но секој пламен започнува од мала искра, која се претвара во голем оган.
Иако можеби од денешна преспектива нашите напори се безцелни, ние мора да продолжиме да ја чуваме искрата на националниот бунт длабоко во себе.
Бидејќи не е многу страшно да изгасне пламенот, но поразот е кога ќе изгасне и искрата, бидејќи кога таа ќе изгасне ќе згасне и националната идеја во Македонија.
Токму затоа мора себично и силно да ја чуваме искрата на националниот бунт, бидејќи ако таа денес нема соодветни дрва да ги запали, во иднина, со растењето на нови поколенија, таа ќе најде плодно тло да се претвори во пламен кој ќе ги проголта сите непријалите и џелати на Македонија.
Ние мораме да се бориме не само за денес, туку и за утре, бидејќи иднината припаѓа на нас, на македонските националисти.
No comments:
Post a Comment