Брановите на иселувања низ историјата од разни причини, политички, економски, општествени се нормални во секое општество.
Тоа што е проблемот кај нас е тоа што тоа е неконтролирано, и како умееме низ шала да кажеме , тоа е своевидна евакуација.
Главната причина за иселувањето од Македонија е очајната економија, наследена од лошата транзиција (која е завршена) која ја спроведоа македонските олигарси.
Само во неуспешни и криминални општества , сите пари се во раце на политичарите, а едно од нив и е нашето.
Економска стратегија на долг рок е потребно на Македонија за да се спречи иселувањето, но не само за тоа , туку и за целосно реновирање на држава, која не може да изгради било каква национална стратегија по ниту едно прашање, ако пред тоа нема една јасна економска стратегија за тоа какви цели има во економијата.
Од друга страна иселувањето само по себе носи демографска катастрофа, односно Македонија губи работна сила, потрошувачи, млади умови кои се неопходни за градење на силна Македонија.
Најжално е што од лични примери кои ги знам, најчесто се иселуваат многудетните семејства , а буквално тоа ние најпотребно како држава, за тоа и самата Влада водеше кампања, повикувајќи на многудетни семејства, без план како тие семејства ќе преживуваат и ќе сврзат крај со крај.
Други причини може да се барат во неквалитетното образование, млади се иселуваат по потрага на квалитетно знаење, очаен социјален живот, Македонија не понудува ништо освен турбо фолк кичерај журки, немање на квалитетни спортски натпревари, и.т.н.
Најважно можеби од се, немање на национален дух, и пожртвуваност за борба, за успехот да дојде во својот дом, во својата средина, бидејќи ниту еден успех надвор од својата родина , не вреди како успехот во неа.
Повеќе треба да размислување како да се избориме да можеме да работиме, твориме и успеваме во нашата земја, а посетата на странски земји не да биде за нејзино населување, туку за туризам и уживање во убавините на истата таа земја.
Бидејќи во која земја и да заминеш, во која земја и да работиш, ти таму ќе си туѓинец без никакви права, еден вид на социјален роб, додека само во својата земја си свој на своето, си господар на својата судбина.
No comments:
Post a Comment