Симо Хајха е фински снајперист, кој војувал за време на Зимската војна (1939-1940).
За нанесените порази на русите, тие му го даваат прекарот "Белата Смрт".
Војува на темеператури од минус 20 до минус 40 °C , во камуфлажен костум.
Потврдени е смртта на 542 (505 потврдени и 37 непотврдени) руски војници, убиени од него.
Хајха (Häyhä) e роден во општината Раутајарви (Rautjärvi) близу денешната граница меѓу Финска и Русија и ја започнал воената служба во 1925 год. Пред да навлезе во војната Хајха беше фармер и ловец. Кога имал 17 години ѝ се придружил на финската војска суојелускунта (suojeluskunta), а своите стрелачки способности ги докажал во стрелачките натпревари во провинцијата Виипури (Viipuri).
Куќата на фармата му била преполна со трофеи по стрелаштво.
Неофицијалната бројка од бојното поле на убиени луѓе со снајперска пушка од страна на Хајха за време на битката на Колаа (Kollaa) изнесува преку 800.Во Колаа воделе дневен записник за бројот на убиства на финските снајперисти. Освен оние со снајпер, на Хајха му се припишуваат и преку 200 убиства со митралез (Суоми КП/-31) (Suomi KP/-31), со што бројот на припишани убиства би се зголемил на 705.
Неверојатно е тоа што сите убиства ги извршил за помалку од 100 дена и тоа во дел од годината кога деновите се кратки и има малку сонце.
Хајха (Häyhä) ја користел финската верзија на руската Mosin-Nagant пушка наречена М/28 „Пистикорва” ("Pystykorva") или „Спиц” ("Spitz"), а е пушка на финската Бела Гарда, затоа што му одговарала на малото тело (1.60 m). Претпочитал да го користи железниот нишан на врвот од пушката наместо телескопскиот нишан за да биде понезабалежлив (снајперистот мора да ја подигне главата кога користи телескопски нишан), за подобра видливост (стаклото на телескопскиот нишан во зимно време лесно се замаглува) и за да му помогне во криењето (одблесокот од сончевите зраци во леќите на телескопскиот нишан може да ја открие местоположбата на снајперистот). Уште една тактика која ја користел е стврднување на снегот пред него за при истрел снегот да не се разнесува на сите страни и ја открие неговата местоположба. Исто така ставал снег во устата за да не издишува, знаејќи дека дури и здивот може да открие каде се наоѓа.
Советите се обидуваат да го убијат на неколку начини меѓу кои против-снајперски тактики и артилериски напади. На 6 март 1940 год., за време на битка, Хајха е погоден во левата страна на долната вилица од страна на руски војник и куршумот излегол низ неговата глава. Го спасиле неговите соборници кои велат дека му фалела половина глава, но не беше мртов. Ја повратил свеста на 13 март, денот кога беше прогласен мир. Веднаш по војната Хајха беше унапреден од аликерсанти (alikersantti) (десетар) во потпоручник од страна на фелдмаршалот Карл Густаф Емил Манерхајм (Carl Gustaf Emil Mannerheim). Никој во воената историја на Финска не се здобил со толку висок ранг за толку брзо време.
На Хајха му требаат неколку години да закрепне од повредата. Куршумот му ја уништил вилицата и му го откинал левиот образ. Сепак, целосно се опоравил и станува успешен ловец на лосови и одгледувач на кучиња, а ловел и со финскиот претседател Урхо Кеконен (Urho Kekkonen).
Кога во 1996 г. го прашале како станал толку добар стрелец, Хајха одговорил: „вежбање”. Кога го прашале дали жали што убил толку многу луѓе, тој рекол: „Го правев она што ми беше речено да го правам најдобро што можев”. Симо Хајха (Simo Häyhä) последните години од животот ги поминува во Руоколахти (Ruokolahti), мало село во југоисточна Финска близу руската граница.
No comments:
Post a Comment