Sunday 3 September 2017

"Спортска дискриминација"

Многу често се среќаваме со терминот неспортско однесување, и дискриминација на спортски приредби.
Најчесто се среќаваме и со терминот злоупотреба на спортските натпревари за политичка пропаганда.
Токму поради тоа се изготвуват правилници од УЕФА за тоа да се спречи, но интересно забраните важат за едната идеологија а не за сите.Сепак тие правилници се изработени од страна на либрални организации кои ова го користат како можност за битка против нивните политички неистомисленици.
Така може да носите маички со ликот на Сталин но не и на Хитлер, може да носите комунистички симболи, леви пропаганди флаери, да истакнете парола дека сте за геј права и за мигранти, но не и против тоа.Всушност спортските натпревари може да се користат за политички мотиви ако сте леви и либерали, а не и нивни противници.
Во правилникот на УЕФА може да пронајдете многу симболи кои  и очекувано се забранети, но имате и забрана за национални симболи, како и за симболи на легални организации кои делуват легално според законите на своите земји.Ај погодете од кој идеолошки правец се ?
Од парадоксланите примери, не е забрането знамето на ИСИС, имате забрана за антиисламски но не и за антихристијански пароли , и.т.н.
Црна листа на УЕФА


No comments:

Post a Comment