За Раздели на владеј метод е пишувано повеќе пати, сега следува еден друг метод : Игри за народ, или кога нема леб дај му на народот игри.
Така секогаш кога римските императори имале проблеми и народот немал леб, тие организирале игри во Колосеумите се со цел народот да заборави на проблемите.
Е кај нас се применува истиот метод, колосеумот наш е Телеком Арена , а гладијаторите и забавувачите се Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Супер куп финалето е само еден дуел со кој сакат да се замачкат очите на обичниот човек од ужасната и катастрофалната ситуација во која се наоѓа македонскиот спорт, ужаост кој е не само резултатски туку и инфрастуктурно.
Македонија и Скопје, но всушност владеачките елити имаа среќа да на Телеком Арена финале играат двата највредни клубови во фудбалот тоа се Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Нивните хотели се полни, такси превозниците кои огромен дел се под нивна контрола ќе имат фулл работа,а за обичниот народ,е тој ќе има игри како во славниот Рим.
И додека започнавме со нашите соседи во исто време градење на спортска инфрастуктура, што направија тие , а што ние.
Ние дур сеуште градиме една Арена, кај нив повеќе стадиони се модернизираа, и за да играш прва лига мора задолжително стадионот да има Рефлектори за ноќни термини.
Рефлекторите кај нас се научна фантастика и стадион да ги поседува е реткост, само три стадиони имат од кој едниот од пред неколку месеци.
Е кај нас уште нема задолжителни гостински сектори, нешто за кое во другите земји во соседствтото стадионот не добива дозвола да се играт натпревари од 4та лига без таков сектор, а не прволигашки дерби натпревари.
Ама ете што е тоа битно, ние имаме Суперкуп во Скопје.
Нивните супер терени и стадиони градат таленти кои ќе бидат носители на играта на светските гиганти и на нивната репрезентација, а ние на нашите деца тотално ги забораваме и поради тоа најверојатно имаме и суша од немање на играчи која трае од самото осамостојување на земјата (а и пред тоа).
Што е битно што нашите деца не тренираат бидејќи на тренерите им е страв дека од неискосената добро трева може да излезе змија и да го повереди на детето кое тренира, кога на Телеком арена дриблинзи ќе прават Кристијано Роналдо и Погба, додека нашите дечиња истите тие дриблинзи и потези не може да ги тренираат поради страв од повреда на несоодветен терен.
А да не збориме пак за трибините, на повеќе од половина стадиони трбините се со изразснати треви, немат столови ниту соодтвени седишта, немат соодтвено ВЦ, може доколку не внимаваш и да се повредиш.
Да напоменеме дека нема и гостински сектор во кој навивач од друг град ќе може да отиде да го гледa својот локален тим и даде поддршка на нашиот фудбал, наместо да гледа во спортска обложувалнива или дома натпревар на Телевизија.
А за квалитетот на терените да не стане ниту збор, при првиот дожд терените се несоодветни за развивање на фудбалска игра.
Во соседството се преокупирани со правење на услови да се развиваат играчи , а ние на жал сме горди што ќе гледаме Супер куп финале во Скопје.
Да тој настан е одличен, но прво кога ќе средивме се друго што го уништува нашиот македонски фудбал, кога ќе направивме услови да се развива фудбалската игра насекаде во Македонија, па тоа да дојде како прослава, како цреша на шлагот од тортата.Тоа да беше врвот од позитивната работа на изградба на фудбалот во Македонија, а не мачкање на очи за тоталниот неуспех и беда кои го тиштат мак фудбалот.
Настанот кој го добивме наречен Супер куп Скопје на Телеком Арена, ќе послужи за владеачките елити да ги прекријат своите неуспеси, да го отргнат вниманието на обичниот фан од проблемите кои ги има во секојдневниот живот и нашиот фудбал, а во исто време дур народот заборава дека нема леб, нашите властодржци ќе си го богатат своето и така веќе огромно кесе со пари.
Сите задоволни, а горчливите проблеми остануваат, ама добро бар ќе ги заборавиме на краток временски период.
No comments:
Post a Comment