Wednesday 17 May 2017

Мандат

И после месеци водени битки, со протести, влегување во Собрание, со дадена заклетва дека мандатот нема да се додели и дека ќе има нови избори, на крај сепак мандатот дојде кај Зоран Заев.
Изгубивме месеци непотребно, во која државата беше заложник.Ова примопредавање на власта требаше да се случи уште во Февруари, а сега веќе да сме на локални избори.
Сепак  желбата да се спасат одредени луѓе беше многу поважна државата, а партиските интереси над националните.
Во ова лудило сепак има еден факт што излезе на виделина јасно, овој пат на своја кожа фанатиците на ДПМНЕ осетија какви предавници на националните интереси се нивните лидери.Ние тоа што го зборевме со години, што го почуствуваме на наша кожа, сега го чувствуват тие.Но кај нив е многу поболно, бидејќи тие беа во транс дека се бранители на националните интереси, а реалноста беше дека служеа на криминална банда.
Во Македонија се создава поволна политичка клима како никогаш до сега за развивање на десницата, за нејзино враќање на македонската политчка сцена, но не само на десницата, туку голема експанзија ќе има и крајната десница.
Ситуацијата по доделувањето на мандатот, создава одличен терен за развивање на  крајно десна организација која ќе биде значаен фактор на македонската политичка сцена.
Веќе во сите десничарски табори во Македонија се извршува мобилизација на сите потенцијали, па не очекува бурно работно лето.

1 comment:

  1. Хахаха, пријател, толку глупости не сум се начитал подолго време. Пропагираш Фашизам, а зборуваш за десница. Дали знаеш дека Фашизмот не е десна идеологија, а ниту лева? Фашизмот не е реакциона идеологија, туку револуционерна. Тие термини десница и левица се тотално ирелевантни во 21ви век, затоа што на терен и во реалниот живот се едно исто и работат и се контролирани од истите капиталистички и банкарски картели. Македонија е мала земја со мала популација и демографски опустошена. Секој обид за доаѓање на фашистичка власт во Македонија би довело до внатрешна крвава војна и меѓународна интервенија и изолација. Ние немаме војска од 5 милиони луѓе за да се браниме од надворешен и внатрешен фактор како и моралност на население да издржи војна на долги патеки.

    Која десница во Македонија се прегрупира? Таа на бугарашите и тендерашите Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски? Или на политичката проститутка Стојанче Ангелов? Пази само тие наместо Тиранска платформа да ти донесат Софиска платформа пред врата. Се повеќе и повеќе верувам дека позади Револт и Национална Борба стоите истите 2-3 луѓе со скриени бугарашки намери и сте дел од старата корумпирана бугарашка дружина на Љубчо и Љубе.

    ReplyDelete