Прво и најважно е пред се да гледаме да купуваме од маалски дуќанчиња и супермеркети кои се сопственост на луѓе кои се државјани и живеат во Македонија.На тој начин помагаме на наши сограѓани, отварање на нови работни места, за разлика од странските корпорации кои парите ќе ги инвестират во својата земја од каде што е компанијата.
Второ кога купуваме продукт секогаш да гледаме тој да биде произведен во Македонија.
Така доколку имате понуда на странски и домашен продукт, кој имат приближен квалитет и прбилижни цени, секогаш купувајте го домашниот.Со купување на производ во Македонија инвестирате во домашната индустрија, и со тоа давате можност за развој на домашната компанија и таа да може да инвистира и да го развива својот производ да биде поквалитетен, да отвори нови работни места во кои ќе се вработат невработени и.т.н.
Примери лесно може да се најдат, така доколку користите кечап Полимарк од Србија, тој лесно може да го замените со кечап од Витаминка.
Наместо да купувате млеко од Србија, може да купите млеко од Битолска Млекара, на пазар секогаш купувајте производи од земјоделците, со што со сигурност знаете каков продукт купувате, каде и на кој начин е произведен, за разлика од увозните кои може да бидат и GMO производи.

No comments:
Post a Comment