Sunday 16 April 2017

92 години од црвениот атентат на црква

На 16 Април 1925 година во 15:20 од страна на гадови од Бугарската Комунистичка Партија и од  Воената Организација (вооружено крило на комунистите) е извршен терористички чин во кој учестувале 6 атентатори а нападот е финансиран од страна на СССР.
Во тоа време траело погребението на генералот Константин Георгиев кој е убиен од противници на власта на 14 Април.
При атентатот во црквата во која биле и деца и жена, како и цел воен врв на Бугарија, убиени се  213 луѓе , додека ранети се над 500.
Од воениот врв загинуваат 12 генерали, 15 полковници, 7 подполковници, 3 мајори, 9 капетани, 3 пратеници.Сите членови на владата се со лесни повреди, додека Цар Борис Трети не бил во црквата за време на атентатот.
Oва е најголемиот терористички чин извршен во Бугарија, но и воопшто во овој дел на Европа.
                                                            (црквата по атентатот)
                                                     (спомен плоча посветена на настраданите)

1 comment:

  1. Штета за црквата, но Цар Борис не ни значи ништо.

    ReplyDelete