Wednesday 15 March 2017

Андон Калчев



Андон Калчев роден во костурското село Жужелци, во фамилија со долги традиции во ВМРО. После крајот на втората балканска војна и почетокот на насилствената хеленизација на македонските од страна на грчката држава, тој и неговото семејство емигрираат во Бугарија. Калчев завршува гимназија во Софија и потоа заминува за Германија, студира економија во универзитетот во Лајпциг кадешто потоа останува да работи како професор на соодветната катедра. Подоцна се враќа во Бугарија и се запишува во школата за запасни офицери во Софија кадешто стигнува до чин подпоручник. После поразот на Грција од Германија во април 1941, Калчев веќе со чин на поручник е меѓу основачите на "Охрана"-организација создадена да го брани македонското насление во Беломорието од репресиите на грчките паравоенни единици како и од прогркоманските комунистички чети на ЕЛАС. Во 1944 "Охрана" брои околу 12 000 доброволци од локалното население и селска милиција, во организацијата се вклучуваат и доста стари членови на ВМРО. По поразот на Германија во Втората светска војна и реокупацијата на беломорска Македонија од страна од грчки и југословенски партизански формации "Охрана" е распуштена, Калчев е заробен во Битола од титови партизани кои го предаваат на грците. На 10 јуни 1946 од страна на специјален суд е осуден на доживотен затвор, лежи 2 години самица во затвор на островот Крф. Кон крајот на граѓанската војна во Грција, на база на привремен грчки воен закон кој важи три години од крајот на Втората светска војна Калчев е осуден на смрт и стрелан во 5:30 во солунскиот затвор Едикуле на 27.8.1948. Неговите последни зборови пред да го стрелаат биле „Ура Македонија!“

текстот е превземен од Свобода или Смърть


No comments:

Post a Comment