Двојазичноста, ја слушаме секој ден на телевизија, едни не оспокојуваат, другите не заплашуваат, но што е поентата околу неа.
Македонија слушаме дека е двојазична земја, делумно точно, но зошто само делумно.
Причината за тоа е што мора да има минимум 20 % од една заедница во дадена општина.Така имаме општини каде што втор јазик покрај македонскиот е турскиот јазик, а по во една општина тоа се ромскиот и српскиот јазик.
Да се вратиме на суштината, зошто Албанците барат двојазичност ? Тие барат двојазичност на целото ниво на земјата се со цел да не го употребуваат повеќе македонскиот јазик.Се наслушавме различни гласини дека ќе треба сите да го учиме албанскиот јазик, тоа за воља на вистината не е точно, него ќе треба да го учат службениците кои работат во администрација, а не сите граѓани, бар како што е замислен првичниот проект (не знаеме што се преговара на тајните преговори помеѓу македонските предавници и албанските екстремисти).Всушност Албанците сите свои обврски кон државата ќе ги завршуваат со користење на својот мајчин јазик.
Е сега дали ова значи федерализација и кантонизација ? Во овој момент не, но во иднина оваа двојазичност ќе го донесе на површина токму тоа, но на еден поинаков начин, кој ќе се обидам да го објаснам.
Со воведување на ваков вид на двојазичност, на Албанците нема да им биде потребен македонскиот јазик.Тие ќе си го изучуваат строго албанскиот јазик.Како се повеќе расте бројот на Албанци кои не знаат македонски, така тие нема да можат да се интегрираат во општеството заедно со Македонците, Турците и другите заедници.Самото тоа што нема да се интегрираат, тие ова општество ќе го чувствуваат како туѓо, со што самото во нив ќе роди потреба за бунт против тоа општество и припојување на општество кое е исто како нив, а тоа се Албанија и Косово.Е тука веќе се раѓа идејата за првично федерализација која потоа ќе донесе до референдум за независност и припојување кон една од двете горе споменати држави, со напомена дека Косово сеуште нема меѓународна признаеност од советот на Обединетите Нации.
Како што забележувате наизглед наивната двојазичност која ја ветуваат одредени политичари за да дојдат на власт, со текот на времето ќе создава одличен терен за запалување на националистички оган од албанските екстремисти, и градење на силен екстремистички дух, кој ќе доведе до мировно или насилно поделување на државата, без никаква шанса за примирје.
Јас лично сметам дека Револт има најсуштествено решение за ова прашање, укинување на законот за јазици од 2008, на официално ниво дури и заедницата да е 99 % во својата општина да го користи во администрацијата исклучиво македонскиот јазик.Овој јазик да биде мостот кој ги поврзува сите етнички заедници, а притоа во училиштата да можат да го изучуваат својот мајчин јазик, од учители кои ќе бидат образовани исклучиво во образовниот ситем на Република Македонија.На тој начин ќе се сопрат сите можни идни поделби на општество, како што е на пример барање дури еден ромски јазик да е официјален во нашата Македонија.
Токму поради овие причини погоре, двојазичноста не смее да помине по ниту една цена.
No comments:
Post a Comment