Време е за нова петочна Каша попара во која ќе ги опфатиме сите настани кои ја одбележаа неделата.За среќа во Македонија ги има секогаш премногу, па некако ќе дојде како километарски текст, со цел да опфатиме се.
14 Март, Тетовската приказна од 2001 и одбележување на нападот кој ја смени македонската историја.Но некако за овој настан владееше тотална медиумска блокада, ниту еден медиум не објави ништо.Ниту некој од таканаречените патриоти кои маршираат на улица се сети да го одбележи овој датум, ниту оние кои предходно маршираа на улиците минатата година.Како да сакаат сите да го истуркаат овој настан во заборав.Среќа тука сме ние малата група на свесни луѓе, кои не заборавивме и споделувајќи објави на своите профили по социјалните мрежи, со цел да покажеме почит на сите оние кои го оставија својот живот на олтарот на татковината.
Покрај нив, уште триесетина си го одземаа животот, некои од нив загинаа на други фронтови кои се водеа по 2001, нека им е и на нив вечна славата.
Единствени кои маршираа по улиците на Скопје а им одадоа почит на нашите бранители беше МПЗ Тврдокорни, кои го дадоа најтешкиот завет што може да се даде, дека ќе ги следат нивните идеали и ќе го вратат нивното достоинство.
"Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња р'теше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите.
Ќе биде како што бога сака !?" - Игор Крстевски.
На жал вашата младешка крв ги натопи и Скопска Црна Гора и Шара, вашите плодови беа најсветли, најсилни, најубави, вкусни како слобода, но ние никогаш не ги почуствувавме благодарејќи на политичарите.Истите тие кои денес се борат слепо за власт, вашите плодови ги користат како платежно средство да го платат учеството во власта на Ѕверките прекриени во кожа на срна , истите оние кои ве убиваа без милост седат со нив во удобните фотељи.Но Тврокорни дадоа завет дека повеќе нема да е така, а плодовите на вашата борба и победа ќе ги почуствува целиот наш народ.Заклетвата ја дадовме, борбата ја започнавме.
Во 2001 ѕвонеа чекорите херојски силно ко илјада камбани, во 2017 ѕвонат чекорите предавнички силно ко милиони камбани, но народов не ги слуша, или ги слуша оние од другата политичка страна, не и камбаните кои чукаат во неговиот двор.
Додека некој се сеќаваа на тоа што се случи 2001 и ги славеа хероите, некој сосема други си го покажаа своето човечко битие во полн сјај.
Бранко Тричковски идиот и дебил од најтежок вид, роден со невидено чувство за зло и завист, на самиот ден 14 Март напиша : Сакам војна во која ќе загинат патриотите.
Вакво подло нешто не може да направи дури ниту непријателот, ниту најголемиот душман, но ете го направи човек од нашиот род. Гневот кој се јави е оправдан, но не и решението кое се нуди.
Ако повторно му ѕвонат на врата некој како нас, тој ќе ја задоволи својата цел, своето его, тој ќе е победникот.Решението е многу попрактично за изроди од таков вид
На неговата врата треба да ѕвонат децата кои ги носат имињата на своите татковци кои загинаа во 2001, деца кои никогаш не ја почуствуваа татковсакта љубов, татковци кои загинаа за гадот да живее во слободна земја, татковци кои не ја почуствуваа најголемата радост, да го видат своето чедо,
Да му ѕвонат на врата мајките на бранителите кои загинале бранејќи ја Македонија, мајките на децата патриоти кои не се партиски ами душа и срце даваат за Македонија, и кој голем дел од нив доброволно служеа војска.Нека им објасни на нив, како сака патриотите да умрат за тој да владее.Ниту еден судија на овој бел свет не знае да казни како што знае да казни мајката на тие кои ја посакуваат смрттта на нејзиното чедо.Тие знаат да казнат најдобро.
И за крај да го поздравам за неговите коментари во врска со политика и сексот со еден податок : Very Right-wing people in Britain are the happiest with their sex lives, according to a new survey
Линк
За време на најпатриотската Влада на Македонија, почина уште една родилка во Битола.Оваа црна хорор сторија по нашите болници продолжува, и никако да запре.Како може во 21 век, кога владеат најголемите патриоти во Европа, нашите болници да наликуваат на кланици, да не може да се даде основна дијагноза на здраствен проблем.Некако оваа вест речиси и да помина незабележано, што од преокупираните медиуми со борбата за власт на нивните лидери, што дека ова стана секојдневие во нашите болници.Најжално е што ова место да се спречи, се користи во дебата како аргумент, без притоа да се понуди решение за проблемот.Ама поарно е да се пцуе и искористи како факт против противникот во дебата, него да се понуди соодветно решение.
За една Влада колку е патриотска има една мудра мисла :
Ако сакаш да го видиш патриотизмот на една владат, посети ги локалните болници и училишта и ќе дознаеш колку навистина се патриоти - Револуционерот.
Кај нас на жал нема што да се види.
Кога сме кај образованието, и таму е интересно.Двајца директори во главни улоги, едниот ги носи учениците на протести а другиот си го покажал половиот орган на социјална мрежа, случајно или не, не е важно.Ниту една од партиите или движењата кои се борат за некаква слобода и подобро општество не ги осуди двата директора, туку ги осудија селективно.Во нормална држава и двајцата ќе летаа од функција, но кај нас тоа не е случај.Подобар пример од тоа дека и двете партии имаат ист морал, не може ни да има.Родителите треба да се загрижат и да видат кој ги образува нивните деца, но за жал тие се преокупирани со тоа кој повеќе ја продал државата, па и не обраќаат внимание на своите чеда.
И како цреша на шлагот, едни средношколци одат во друго средно училиште за да ги прогласат за предавници.Во мое време во друго средно училиште одевме за да играме фудбал/баскет, или да видиме некое девојче, ама ете времињата се менуваат, но на полошо за жал.
Сега да се навратиме на културата.Евровозија, и како по класика ние за тој фестивал кој толку многу ни значи вадиме тапа песни.Сега конечно по подолг период извадивме топ песна, и сите со чудење и неверување ја коментираме песната, и како таа е светска продукција.Вакви песни во дел од нашето опкружување се вадат по 4-5 месечно.
Кога сме кај културата да споменеме дека конечно нашите актери се постојано на нашите мали тв екрани, но за жал тие не се таму поради тв драми, серии, филмови, туку дека станаа главни политички ексерти во ова општество.Место тие културно да го воздигнат народото, тие го утупуваат и денес место да ги прашуваме во која претстава глумат и во кој театар, ние ќе ги прашеме во која телевизија и за која партија ќе анализираат.
Аналитичарот Трифун Костовски им рекол на егејците да се борат за своите права во Егејска Македонија, а не тука да му сметат во неговиот однос со пријателите Албанци.А од каде ти се другарчињата Албанци бе Трифуне, да не ти се случајно 70 % од нив од Косово.Што не ги пратиш да се борат за своите права во Косово како што ги праќаш егејците, што таму не се борат со платформи туку како пички 1999 дојдоа овде и ги храневме и поевме за на глава да ни се серат.Ах таа хуманирка Шведска, што не го послуша Борис да ги прати авионите и да си ги прибере кај нив во Стокхлом, не сега да прибираат авганистанци и сиријци.Ама толку и со ксметот сме ние.
И Трифуне ти во политика си толку беден, како што се бедни оние кои паѓаат како покосени во шеснаесетник одглумувајќи пенал.
Во Битола по кој знае кој пат се води хајка против родољубните патриоти и националисти.Над 50 од нив се повикани на разговор во станицата на СВР Битола да дадат изјава, дел од нив се и малолетници.Искорстија класична монтировка на која сите го знаеме нарачателот, да се пресметат со се што е патриотско во Битола.
И во момент на најдлабока разделеност, сепак успеавме за едно нешто да се сплотиме а тоа е религијата.Чудотворната икона која дојде во Струмица го обедини цел народ, без разлика на партиски убедувања, националност, па дури и вера.Сите заедно го воспеа името на Богородица, и се молат пред нејзината икона, а во литијата и прошетката низ струмичките улици сите беа обединети и заедно го воспеваа името на Бога.Токму тоа треба да го прават нашите религиозни водачи, да го обединат народот, да му дадат мудрост, разум и љубов, а не да ја шират омразата на политичарите и дрежјќи говор на собири кои го делат народот.
Поповите треба да бидат лика и прилика како да живее народот, нивната алчност го прави и народот алчен, ако се скромни и народов ќе ние скромен.Нека ги продадат скапите џипови и нека се целосно посветат на Бога.
Само религиските водачи со нинвата воља може да го победат злото на политичките партии и да го поведат народот кон љубов, мир и напредок, но за жал сеуште сме далеку од тоа.Останува молитвата кон Бога единствен спас во лудилото во кое сме опкружени.
И со порака до нашите свештеници, искористете го вашиот авторитет да не обедините, а не да не раделувате.
Кај нашиот источен сосед се случија два настани кои се поврзани со нас во Македонија.Првиот настан е дека Бугарија ги одликува спасувачите кои помагаа за време на поплавите кои го зафатија нашето Скопје.Втората е дека по примерот на албанската платформа и Турците во Бугарија ќе бараат двојазичност, тоа го напомена еден турски градоначалник.Токму ова е доказ дека платформата може да го запали фитилот на бурето со барут наречено Балкан.
Двојниот морал го видовме и на 14 Март, сите оние кои беа гласни дека Трендафил ќе купувал барут молчеа кога нивниот пулен повикуваше на таков значаен ден патриотите да умрат.Да прашаш кај има барут не е лошо, наговестува дека ќе војуваш, а да повикаш на смртта на оние кои не мислат како тебе со најава дека во тоа ќе уживаш е најголемото лицемерие што може да го направи еден човек.Но сепак ова е Македонија, земја на лицемерието.
No comments:
Post a Comment