Wednesday 23 October 2024

ИМАГИНАРНА БОРБА

 Денес е денот на македонската револуционерна борба, голем ден, голем празник, па токму на овој ден решив да го напишам и најкритичниот текст од кога постои самиот блог, како што може да пратите веќе повеќе од година дена немам објавено ништо, причината е едноставна, не сакам самиот себеси да се лажам дека сум активен борец и национален револуционер, кога тоа нема да вроди со плод и самата борба не носи плодови кои се реални и опипливи.


Кога започнав со блогот бев единствен од таков вид, сега може да се види дека на социјалните медиуми, пред се на Инстаграм постојат десетици профили кои вложуваат труд за едукација и мотивација за борба, но реално, тоа им вреди 0, борба на социјалните медиуми не е реална туку имагинарна борба, тоа дава лажно чувство дека некој се бори за каузата, но се лаже, вистинската борба се води во реалниот свет, на улица, во организација, инстаграм профилчиња со јаки текстови се контрапродуктивни, да не кажам ја убиваат Македонија, затоа што место борецот да биде на улица, во реалната политичка борба, тој своето време залудно го троши во имагинарниот свет. 


Самиот лично се обидував во повеќе наврати да се формира било каква организација која ќе делува на реален план, но сите обиди беа неуспешни, стравот е преголем, страв од репресија од државните органи, посебно по скандалот со Палчо кој од службите ја играше улогата на лажен краендесничар, иако се знае македонската крајнадесница никогаш не е про Русија туку про Украина засекогаш, потоа стравот од неуспех дека нема народ за ваков потфат, па со самото тоа некако свесно ја предаваме судбината на државата на лицемерите од Левица.


Во Европа, само две држави немаат сериозни крајнодесни организации , едната е Босна и Херцеговина, која имаше таква до пред некоја година во БПНП (Босански Покрет Националног Поноса) и Македонија, можеби и Црна Гора но таму има силен внатрешен конфликт и постојат српски крајнодесни организации, за црногорска не сум сигурен, но имат силен национален фронт што е малтене исто, така да остануваме само ние како држава во која нема крајнодесна организација која се бори за сопствената кауза.


Една Албанија добива сериозна крајнодесна организација, која учествуваше и на самит на над 20 крајнодесни организации во Украина, додека кај нас единствени активни на терен се левичарите, комунистите, и тоа не само преку партијата Левица, туку низ еден куп организации, се борат таму каде што треба, а сами знаеме единствено поголемо зло за Македонија од корумпираните политички елити кои се на власт, е токму комунизмот повторно да ја завладее Македонија, какви и да се, тие се борат и преку Левица и организациите поврзани околу неа, но и во организации кои се против Левица со чиста комунистичка идеологија, без маски како што тоа го прават Че и другарите.


Само вештачки створени нации имаат само левичарски организации и левичарска борба, е тогаш се поставува прашањето дали ние не сме тоа што ни зборат сите комшии или треба да почнеме да се бориме за градење на здрава нација и здрава држава, изговори нема, само колку Македонецот е спремен за крајнодесна борба и кауза е вистинското прашање кое самите луѓе кои припаѓаат на овој политички спектар и луѓе кои ја сакаат сопствената татковина.


Ниту една политичка сцена нема толку едукативни профили, како што ниту една политичка сцена е без крајнодесно делување во овие клучни моменти во Европа како Македонија, затоа сите оние кои имаат огромно влијание во социјалните медиуми треба наместо да водат празни демагогии, да продаваат реквизити (единствено поле каде имаме сериозен напредок), туку да формираат организации и да делуваат со акции низ цела Македонија, тоа е потребно а не празна демагогија.


Токму и затоа блогот не е активен, да не биде дел од морето на профили кои даваат лажна слика за борба, покрај најголемата моја семејна трагедија од пред некој месец која ме срози, покрај борбата која ја водам на еден начин чисто да не е без ич, реалноста е нас ни треба силна организација на силни индивидуи кои ќе се борат заедно за градење на силен колектив кој ќе се бори за идеали, како што прават сите наши противници, освести се Македонче, времето за чекање одамна е изминато.