Tuesday 16 May 2017

Крсто Лазаров

Крсто Лазаров или Крсто Кумановски е револуционер, кумановски војвода во ВМОРО.
Крсто е роден во 1881 година во село Коњух Кумановско.Се преселува во Куманово заедно со мајка му и еден од браќата.Татко му умира уште пред  да се роди, а еден од поголемите му браќа се преселува во Бугарија.Крсто со братот и мајката живее со војводата Ангел Малински, кој му се доверува и го користи како курир.
После Виничката афера бега во Ќустендил, после се преместува во Софија кај поголемиот брат, кој во 1895 година е четник кај Антон Бозкуков и Димитар Матов.Се запознава со четници на ВМОК со кој во 1900 година за прв пат влегува со вооружена чета во Македонија како четник на Јордан Стојанов.
Се запишува повторно во чета по Горноџумајското востание во 1902 година. Четата го обиколува силно застегнатиот Горноџумајски регион, каде што блиску до селото Оштава води борба со турски аскер, во која борба Крсто Лазаров е ранет.Четата пребегува во Бугарија преку Предел.Лазаров се лекува до пролетта 1903 година, кога повтрно влегува во четата на Јордан Стојанов.Четата се прибира одново во Софија, после обилколката во Пиринско, после неколку битки со турците.
Крсто Лазаров го напушта ВМОК и се приклучува во четата на војводата Никола Пушкаров, со којашто влегуват во Македонија и четите на кратовскиот војвода Димче Берберчето и велешкиот војвода подпоручник Панчо Константинов.Основна цел за четата во Илинденско-Преображенското востание е пресечувањето на железничката линија Скопје-Велес, при село Новчани, каде што се водат многу битки со турски аскер.Во атентатите на железничката линија учествуват и 9 души од србоманска чета од Порече.На 9 август 1903 година при село Дивле се сретнуват со четата на Боби Стојчев, и во селото Сопот имат битка со турска потера.Се извлекуват и преку Србија заминуваат за Бугарија.Пред крајот на востанието имат обид за навлегување во Македонија, но четата се распаѓа.После востанието продолжува редовно да влегува со чети во Македонија (во 1904 година со таа на Велко Манов), каде освен со турци водат битки и со српската пропаганда во Македонија.Во 1907 година е кумановски реонски војвода и дејствува со чета од 8 души.После младотурскта револуција, Крсто Лазаров дејствува легално од  16 Јули 1908 година, па се до Божиќ 1909 година, кога повторно заминува во Бугарија.Потоа се враќа во Македонија и води чета.На 13 јули се судрува успешно со војска при селото Трстеник, кое што е опоражено и разрушено од артелеријата на војската.Претходно во 1905 година го убива водачот на србоманската пропаганда во Куманово.
 До започнувањето на Балканската војна тој продолжува често да навлегува во Македонија, а потоа да се повлекува во Бугарија.За време на војната тој е во четата на Тодор Александорв.Со четата за време на Кумановската битка со неколку илјади четници и милиција врши напад на турските позции позади грб, и заробува тешка артилерија при селото Орашец.
После војната кратко се задржува во Бугарија.Пред и по почетокот на првата светска војна води агитаторска дејност.На 2 Октомври 1914 година Крсто Лазаров е предаден со четата во село Кетеново, опколени, при што петмина се убиени, ја пробиват опсадата на српската војска и се спасуват во Бугарија.
На 9 Јули 1915 година при село Габреш, Кумановско, четата на Крсто Лазаров одново е во судир со српските војски, во која што се убени 9 српски војници а четата нема ниту една жртва.На 27 август во месноста Бислим, на 5 километри од Куманово, четата е обиколена со три дружини редовна војска со артлиери.Во судирот кој траел четири дена, српските чети имат десетици убиени и ранети, а жртвтите на четата се 12 убиени и 7 ранети, меѓу кои бил и војводата.
Ранет неколку пати во последните судири, Крсто Лазаров се повлекува во периодот 1915-1918 година.
Во 1922 година Крсто Лазаров со својата редовна чета дејствува во Кумановско, но од јули 1924 година, контролата на српската граница се засилува.До 1925 година влегувањето на четата станува многу тешко, србите многу често прават заседи, а со предаства се откриваат и афери.Постепено се намалува интезитетот и масовноста на четничките акции, а во 1930 годината четата на Крсто Лазаров е сопрена уште на границата со Југославија.Од септември 1931 до  Мај 1933 година, Мирчев ги запишува спомените на војводата.
Во 1941 година се враќа во Куманово.Во 1942 година на првото годишно собрание на Кумановското друштво на Илинденската организација е избран со полно мнозинство за нејзин почесен претседател.Тој ужива голема почит помеѓу кумановци.
На 15 Септември 1942 година во местноста Ороловец, на 8 км јужно од Куманово, на местото каде што во 1915 година четата на Крсто Лазаров водеше битка со србската војска е поставен петметров крст, е и организирано поклонување.Присуствуват Крсто Лазаров и двајцата преживеани четници Трајан Петров Стојчев и Величко Спасов Механджиев.
Лазаров дејствува како војвода на контрачета која се бори против комунистичките партизани, со центар на дејствување во село Матејче.По воспоставувањето на комунистичка власт, Крсто Лазаров е убиен во септември 1944 година без суд и пресуда а по наредба на комунистот Светозар Вукмановиќ Темпо, заедно уште со останати 47 видни дејци, меѓу кои биле и војводите Тодор Сопотски и Игнат Мангаров.На 14 Јануари посмртно е осуден на смрт од воениот суд на скопската воена област- совет на кумановски воен сектор.

Спомените на Крсто Лазаров се запишани во делото Револуционерна дејност во Кумановско.

No comments:

Post a Comment